Кафе муабет

Луна Џогани откри како ја „растуриле калимерата“ со Анастасија Ражнатовиќ

Луна призна дека многу пријатели ја напуштиле по учеството во реалното шоу..

Луна и Марко Миjковиќ денеска се во хармоничен и среќен брак и ја имаат ќерката Миа.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Постојано објавуваат фотографии од нивниот идиличен дом, а се чини дека на среќата и нема крај.

Дека се многу заљубени покажуваат сите фотографии и видеа кои ги споделуваат на социјалните мрежи.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Но до неодамна тие ги полнеа насловните страници со скандали.

Луна призна дека многу пријатели ја напуштиле по учеството во реалното шоу, и дека најголемо внимание предизвика прекинот на дружењето со Анастасија Ражнатовиќ.

Марко откри зошто за кум го избрал Сава Радовиќ, поранешниот сопруг на водителката Ирина Радовиќ.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Сава секогаш беше со мене. Кога се запознавме пред 15 години, тој беше со мене цело време. Чувствував дека тој треба да биде мојот кум, тој е прекрасна личност. Никогаш не сум се скарал со него. Се согласуваме за се за две секунди – откри Марко.

Луна изјави дека имала голем круг на пријатели пред реалното шоу и дека по излегувањето се дружи само со тројца од нив.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Бевме петнаесетина. Ме обожаваа. По напуштањето на реалното шоу, останаа тројца. Тие беа разочарани и не им одговараше како се претставив во реалити шоуто. Покажаа дека не се во добро и зло со мене, туку само кога е добро – изјавила Луна.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Во врска со пријателството со Анастасија Ражнатовиќ, Луна рече дека тоа бил тежок период.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Се шпекулираше дека го земав нејзиното момче, таа до неодамна не се огласуваше и испадна дека таа ги потврди тие приказни. Ми беше многу тешко, таа ми е и кума. Поминавме многу заедно и никогаш нема да можам да го заборавам тој дел од мојот живот. Ништо конкретно не се случи, нашите патишта се разминаа. Растевме заедно но во еден момент нашите мислења не се вклопија. Се заљуби, цело време беше со тоа момче, јас имав нешто свое и така се разминавме. Не се каравме ниту навредувавме. Никогаш не добив лош збор од неа, ниту пак таа доби од мене – објасни Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Сопругата на Марко истакна дека секогаш ќе ги памети убавите работи од нејзиниот живот со Анастасија.

– Жал ми е што не сме пријателки, сепак ние сме куми. Кога решив да се крстам, никој не беше поважен за мене од неа. Таа беше како дел од мене, бевме многу блиски. Сакав мојата кума да биде некој со кој споделувам се и на кој можам да му верувам истакна Луна.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

Како што рече, денес ги слуша песните на Анастасија и и посакува среќа во животот. Марко се надева дека неговите пријатели нема да му го свртат грбот, како што тоа досега не го направија тоа.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close