Кафе муабет

ПО ЗАГУБАТА НА ЌЕРКА СИ АНДРИЈАНА, ПЕЈАЧКАТА И ТВ ВОДИТЕЛКА ЈУЛИЈА ЦЕЛОСНО СЕ ПОСВЕТИ НА ВНУКАТА – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА УБАВИЦА Е СТЕФАНИЈА

Стефанија е успешна актерка на сцената на Турскиот театар...

Кога ќе се спомене името на Јулија Мациев, сите знаат дека станува збор за ТВ водителката и пејачка која важи за една од најубавите жени кај нас.

Автор на емисијата ,,Будење со Јулија’’ која години наназад се емитува на Телевизија Сонце.

Фото: Фејзбук/ Јулија Мациев

Пред шест месеци во домот на пејачката завладеа мртва тишина и тага.

Имено, прераната загуба на ќерка си Андријана, која неколку години се бореше со подмолна и лоша болест беше болна и многу тажна.

Андријана беше позната, успешна уметница, сликарка, со многу изложби позади себе, како во државата така и во странство.

Фото:Фејзбук/Јулија Мациев

Водителка и после смртта на својата ќерка не престана да биде активна во јавноста.

Покрај авторската емисија на која и’ се врати повторно, Јулија постојано одржува и изложби во спомен на Андријана.

Последната изложба се одржа во Тузла –  Босна и Херцеговина.

Фото:Фејзбук/Јулија Мациев

,,Тузла го отвори своето срце, за љубовта, за нашиот жив, ангел небесен Ан. Преполна сала во културниот центар ,,Исмет Мујезиновиќ’’. На изложбата беа изложени  за првпат делата на Андријана, насликани во последниот и најтежок период за неа, во последните пет месеци’’, напиша Јулија на својот Фејзбук профил.

Фото:Фејзбук/Јулија Мациев

Андријана почина на само 42 години, таа почина од канцер, а на својата мајка и остави аманет да ја чува и воспитува нејзината ќерка – Стефанија.

Фото:Фејзбук/Јулија Мациев

20-годишната Стефанија е вистинска убавица.

Таа е успешна актерка на сцената на Турскиот театар во Македонија.

Фото:Фејзбук/Јулија Мациев

Фото:Фејзбук/Јулија Мациев

Не поминува претстава на која Јулија не е во првите редови во публиката бодрејќи ја својата внука.

,,Стефанија,на сцена вистинска ѕвезда.Каква трансформација,просто не можам да го препознаам моето девојче. Срцево ми е полно,таа го живее својот сон’’, напиша Јулија на Фејзбук

Фото:Фејзбук/Јулија Мациев

И’ посакуваме многу успешни престави и премиери!

Фото:Фејзбук/Јулија Мациев

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close