Новости

СВЕТОТ НЕМА ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД КОРОНАВИРУСОТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Еве зошто- СЗО дава целосно објаснување!

Коронавирусот ќе трае и оваа година...

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од „ковида-19“ до крајот на оваа година.

foto jutarnji.hr/

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, рече дека, сепак, трагедијата во кризата со корона може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека вирусот е сè уште оној што има контрола, особено имајќи го предвид зголемувањето на бројот на новоинфицирани минатата недела, по шест последователни недели опаѓање на бројот.

foto inz.ba/
foto eZadar.hr

„Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата“, рече Рајан.

Нов мутиран вид на вирусот

Кон крајот на декември минатата година, светот се шокираше од веста за мутираниот британски вид на коронавирусот.

Британскиот вид досега е откриен во најмалку 82 држави, пишува Њујорк тајмс.

Инаку според последното истражување спроведено од научници кои ја советуваат британската Влада, новиот вид коронавирус, откриен во Велика Британија, е многу веројатно посмртоносен од оригиналниот, пишува Бизнис Инсајдер, пренесува Фокус.

Научниците според нивните истражувања забележале дека новиот вид, попознат како Б.1.1.7, може да биде 30 до 70 проценти поубиствен од оригиналниот вирус.

Како што објави МИА, новиот мутиран вирус пристигна и во Македонија а во периодот од 1 до 7 февруари, до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на британскиот сој на коронавирусот од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на вируот, а забележано е дека е присутен во осум градови.

Најголем број случаи се откриени во Охрид – 25, Прилеп – 10 и Кавадарци – 4.

Фото Илустрација

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти, кои претходно не биле присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на Ковид-19 од странство, објави МИА.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close