Новости

Вирусот Ковид-19 остава тешки последици кај децата? – словенските педијатри предупредуваат на потешка форма на коронавирус!

Се поголем е бројот на деца заболени од Ковид-19

Коронавирусот станува опасен и за децата, а тоа го потврди во четвртокот педијатарот Тина Планкар Сровин од Универзитетскиот медицински центар во Љубљана.

Таа истакна дека шест деца со повеќе воспаленија на органи биле примени во најголемата словенечка здравствена установа минатата недела.

Иако како што е познато уште од самиот почеток на пандемијата со Ковид-19, децата може да се заразат од вирусот но претежно со или без но и со благи симптоми.

Според словенечките лекари пак децата  можат да претрпат оштетување на неколку органи, вклучувајќи го и срцето, поради силна имунолошка реакција, а тоа е случај последните неколку дена.

Досега, во болницата имало 40 деца со Ковид-19, а во последната недела тие забележале неколку случаи на деца со „мултиорган воспалителен синдром“ поврзани со првична инфекција со коронавирус.

Според лекарите, ова било резултат на силна имунолошка реакција на нивното тело откако биле заразени со коронавирус две до четири недели претходно, а потоа го преболеле.

„Ковид-19 кај деца се одвива во полесна форма, но болеста може да има сериозни последици“, предупреди доктор Тина.

Кај сите деца примени во болница минатата недела со овие симптоми, се забележува дека има штетни последици врз срцевиот мускул, па затоа добиваат силни антиинфламаторни лекови, а кардиолозите и ревматолозите учествуваат во третманот заедно со педијатрите.

Словенечките педијатри забележуваат дека појавата на слични симптоми кај деца со Ковид-19 за прв пат е забележана во Велика Британија, пред неколку месеци.

A child in a medical mask during a coronavirus pandemic

Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Љубљана потврди дека во првиот епидемиски бран лекувале само четири деца заразени со Ковид-19, но тоа биле поблаги случаи, додека во есенскиот или втор епидемиски бран досега биле лекувани 43 деца во таа болница.

Сепак, кај постари бебиња и помлади деца кои развиле инфекција на коронавирус, неодамна се забележани инфекции и на долните респираторни органи и отежнато дишење, како и некои други вируси.

Во тешка состојба заболени од Ковид-19 во моментот се две деца, и двете со претходно потврдена основна болест, но на ниту едно од нив не му требаше респиратор, објави Медицинскиот центар на универзитетот во Љубљана.

На Клиниката за детски болести во Љубљана, сепак, се лекуваа и три новороденчиња со Ковид-19, кај кои болеста покажа „клиничка слика на сепса“, а две од нив претходно беа лекувани на одделот за интензивна нега.

Децата имаат 44 отсто помали шанси да се заразат од коронавирус

Според последното истражување спроведено од тим научници на чело со претседателот на британскиот Кралски колеџ за педијатрија и здравје кај деца се испоставило дека децата имаат 44 отсто помалку шански да се заразат од корона вирус отколку возрасните.

Тимот научници изврши преглед и анализа на 32 студии и откри дека децата како и адолесцентите помлади од 20 години имаат за 44 отсто помали шанси да развијат секундарна инфекција од САРС-КоВ-2, отколку постарите лица од 20 години, пренесува Ројтерс.

Во истражувањето се наведува дека постои прелиминарна евиденција, дека децата помлади од 10 до 14 години имаат мали шанси да се заразат од САРС-КоВ-2 отколку возрасните, како и дека адолесцентите изгледа приближно поеднадкво подложни на тоа како и возрасните.

Треба ли децата да носат маска?

Носењето маска за лице е препорачано или задолжително во многу земји за борба против коронавирусот, но лекарите предупредуваат дека треба да се претпазливи кога станува збор за деца.

Две работи се потребни за да се обезбедат маски за заштита на оние околу нас и да не се изложува лицето што ги носи. Прво, маската мора целосно да го покрие лицето од носот до брадата и треба да се прицврсти на кожата.Второ, еднаш да се стави на лицето веќе не треба да го допираме.

Кога станува збор за деца, нереално е да се очекува дека тие ќе ги исполнат овие услови, особено оние во рана возраст.

„Помладите деца веројатно нема да ја допрат маската само доколку постојано ги предупредуваат нивните родители – колку е помладо детето, толку почесто ќе ја допрат маската“. Затоа, германското здружение за педијатри утврди кои деца можат да носат маски: Според нив, тие се над 2 години.

Извор: Tportal.hr/ Glamur.mk

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close