Градинка

На овие места во вашиот дом се кријат најмногу бактерии

Чистењето и одржувањето хигиена во домот е една од секојдневните обврски во домаќинството.

Бебињата и децата се во контакт со многу површини и предмети. Тие истражуваат, допираат предмети и многу често истите ги ставаат в уста.

Откривањето на светот околу себе е нивна единствена задача, па затоа, мораме да им овозможиме сигурен и уреден простор, со цел да можат да ги развиваат своите моторички и когнитивни способности.

На пазарот постојат разни средства за чистење и дезинфекција на површините, но секако треба да внимаваме да не користиме нешто што е агресивно за нежната детска кожа. Многу средства може да предизвикаат осипи на новореденчињата, па затоа, потребно е да бидете многу внимателни.

Играчки

Играчките се извор на потенцијални зарази затоа што на нив се собираат голем број бактерии и микроби – бебињата ги допираат, ставаат во уста, ги фрлаат по подот… Одржувањето на играчките зависи од материјалот од кој се направени.

Пластичните играчки можете секојдневно да ги дезифинцирате со чиста крпа и благ детергент со вода, а ако пластиката е отпорна на високи температури, може да ги ставате и во машина за садови. Плишаните играчки би требало редовно да ги ставате во машина за перење алишта.

Количка, креветче, тепих за играње…

Детскиот кревет и сите места на кои бебето спие треба редовно да се чистат, а постелнината би било добро да ја менувате на секои три дена, па може и поечсто. Страниците и оградите на креветчето би требало секојдневно да ги пребришувате со нежно средство за чистење и дезинфекција, кое нема да ја оштети површината и нема да предизвика непосакувани последици кај бебето.

Детската количка исто така би требало секојдневно да ја пребришувате, посебно во времето после шетање.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close