MAMA
Секој ден им ја средувала собата на децата, а потоа само едно прашање ѝ го променило животот
Толку е лесно да се изгубите во домашните обврски...
Со години, Хајди Хам на крајот од секој ден издвојувала околу половина час на чистење и средување на собата во која децата си играле претходно.
Сцената речиси секогаш била иста – под покриен со коцки, играчки и храна. Кога пресметала колку минути потрошила на тоа откако ги родила децата, Хајди сфатила дека неколку години ѝ поминале само во раскревање и средување.
Тогаш, една вечер, нејзиниот сопруг влегол во собата и ја видел како ползи по подот и ги собира коцките. И не само што ги собира, туку ги сложува по боја, затоа што кога Хајди чисти и организира – тоа го прави до крај. Тогаш ѝ рекол неколку зборови кои порано не ѝ паднале на памет:
„Зошто едноставно не ја затвориш вратата?“
„Само гледав во него. Точно, во него. Очекував и тој да се спушти на подот и да ми помогне во собирањето на коцките. Наместо тоа, ми ги кажа тие зборови. И баш тоа ми требаше. Веднаш станав и ја затворив вратата“, вели Хајди во својата објава која стана вирален ширум светот.
Многу е важно да се води сметка за себе, особено кога сте родител. И тоа многу е важно. Научете ги децата сами да ја чистат и средуваат собата. Со затворени врати може да се живее!