MAMA
Неколку работи кои треба да престанете да им ги зборувате на татковците
Навистина треба да им дадеме поголемо признание на татковците.
Кога станува збор за признавањето на татковците и нивната улога во родителството, навистина можеме да бидеме подобри. Еден татко на три деца и блогер, Ник Симард, ни покажува некои работи кои би требало да им ги зборуваме на татковците.
„На должност си, а?“
Тоа се нарекува родител. Таткото кога си игра со детето не е „на должност“, туку едноставно ја остварува својата улога на татко.
„Вечерва ти ги чуваш децата?“
Чувањето деца е кога внимавате и чувате туѓи деца, за родителите на тоа дете да отидат на состанок или да работат. Престојот на родителите со сопственото дете, дури и ако тоа го прави таткото, се нарекува родителство. Престанете тоа да го нарекувате „чување деца“.
„Се надеваме дека куќата се’ уште ќе биде на место кога ќе се врати мајката“
Затоа што татковците се целосно неспособни и не знаат како да се справат со детето ако тоа падне и се удри. Возрасните мажи би требало да бидат способни да останат дома со своите деца и притоа куќата да НЕ се распадне.