MAMA

Оваа МАМА на три деца, секој ден го правеше истото и успеа да ослабе дури 44 килограми

Таа направи само една промена во нејзиниот животен стил

Американката Џaорџија Мелбру (27) успеа да изгуби дури 44 килограми без глад и ограничувачка диета.

Таа направи само една промена во нејзиниот животен стил.

Џaорџија  е од Луизијана уште од детството има проблем со дебелина, а најмногу се здебелила по третото породување – тежеше дури 101 килограм, иако е висока само 160 см.

Се сеќава дека како дете имала проблеми со облеката поради прекумерна тежина и честопати позајмувала облека од нејзиниот брат.

– Требаше да порачаме една униформа одделно затоа што носев конфекциски број 40 на шестгодишна возраст – вели таа.

По раѓањето на третото дете, таа стапна на вагата, која и покажа дека има 100 килограми. Тогаш решила да направи една голема промена – да воведува прошетки секој ден! Врза шал околу себе за да го носи бебето и заедно со новороденчето одеше секој ден околу километар и половина. Таа постепено ја зголеми должината на нејзината прошетка.

– Го однесов бебето со себе и прво пешачев околу еден километар, а потоа почнав да пешачам по два километра секој ден. Чекор по чекор. Тоа е сè што треба да направите – предупредува  мајката на три деца.

Како што растеше нејзината кондиција и самодоверба, бројот на вагите се намалуваше кога тежината почна да опаѓа.

Охрабрена од нејзиниот успех, Џaорџија започна да истражува тренинг за фитнес на Инстаграм.

За нешто повеќе од една година, таа успеа да изгуби 44 килограми – а сега нејзината тежина е 57 кг.

Таа споделува инспиративни приказни за нејзиниот процес на слабеење на својот Инстаграм профил и ги охрабрува другите да не се откажуваат од својата цел.

Сега Џaорџија оди во теретана шест пати неделно, правејќи 20 минути кардио и 40 минути тренинг за сила. После големо слабеење, таа исто така ја смени диетата.

– Јас не сум природен спортски тип и се обидов да го доведам моето тело во оваа состојба – напиша таа под фотографијата на која покажа огромна трансформација на нејзиниот изглед.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close