Градинка

Зошто е важно децата да се облекуваат сами?

Дали вашето дете се облекува само?

Ако сакате вашето дете да биде самостојно, морате да му дозволите да се „вежба“ на ситници, а една од тие е и облекувањето.

Со цел вашето дете да израсне во самостојна и снаодлива личност, потребно му е да дозволите ад учествува во сите примарни активности, како облекување, исхрана и хигиена. Истражувањата покажале дека ако на децата им дозволите да се снаоѓаат сами и да пронајдат решенија во таквите ситуации, им помагате во нивното осамостојување и им ја зголемувате самодовербата.

„Самостојноста во облекувањето е важен психолошки и емоционален пресврт“, тврди Карен Раскин, семеен советник. „Децата тежнеат кон независност, па не треба да не’ чуди нивната желба во јануари да облечат костим за капење. Секако, тоа возрасните нема да го дозволат, но вакви искуства им се неопходни на малите, затоа што благодарејќи на нив тие градат своја личност“.

Раскин вели дека и постапката на облекување, како што е закопчување копчиња, претставува основа за развој на моториката, а таа е од особено значење. Затоа, таа им советува на родителите на мали деца да им дозволат да избираат самите што да облечат, но и да им дозволат самите да се облекуваат, иако тој процес ќе трае подолго. Не мора тоа да биде секогаш, но пожелно е секој втор ден да го практикувате ова.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close