Нега и здравје

Малку нечистотии не се страшни за децата, напротив – здраво е

Колку се поизложени на микроби, децата се поотпорни на нив...

Едно истражување покажало дека опасноста од развој на астма и алергија кај бебињата кои во најраниот период биле изложени на микроби, нечистотии и бактерии, е помала.

Колку децата се поисложени на микроби, толку се поотпорни на нив. Кај децата кои израснуваат на фарма, забележан е помал број заболени од астма и алергија, а научниците одлучиле да истражат дали тоа има врска со нивната поголема изложеност на алергени и микроорганизми од почвата.

Така, било воспоставено дека кај градските деца, кои непрекинато биле изложени на алергени од бубашваби и глувци, постои поголема опасност од потенцијален развој на астма. Но, ако децата се изложени на овие градски „миленичиња“ до првата година од животот – тогаш стануваат имуни на нив.

Податоците од истражувањето покажале дека изложеноста на алергени во текот на првите години од животот, резултира со помала можност за развој на астма и алергија во однос на децата кои не биле изложени на ова веднаш по раѓањето.

Ова ни покажува дека имунолошкиот систем се обликува во текот на првите години од животот, но и дека некои бактерии и алергени играат важна улога во стимулирањето и поттикнувањето на развојот на имунолошкиот систем на реагира на одреден начин, истакнува Роберт Вуд, шеф на одделението за алергија и имунологија во детиот центар во болнциата Џон Хопкинс.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close