MAMA

Совети за мајките кои имаат синови: Бидете им поддршка, дозволете им да изгубат

Што би требало да знае секоја мајка на едно момче?

Мајките се најважните женски личности во животот на своите синови додека растат. Нивниот прв учител, личност од која секогаш ќе бараат дозвола и одобрување. Патот од прашањето „Може ли да излезам надвор?“ до „Дали да ја прашам да се омажи за мене?“ е многу долг и возбудлив. Во продолжение ви прикажуваме неколку совети за сите оние мајки на момчиња.

Научете го како да ги дефинира своите чувства

Вашиот син ќе вика кога ќе биде нервозен, ќе се крие кога ќе биде засрамен и ќе плаче од страв. Дозволете неговото тело да реагира на емоциите, но исто така објаснете му што е емоција и на кој начин би требало да ја изрази. Наведете му примери, разговарајте за сопствените чувства…

Бидете му поддршка

Нема сомнеж дека вие сте најважната личност во животот на вашиот син. Можеби некогаш ќе ви забрани кога на девојката која му се допаѓа ќе ѝ покажете некоја стара фотографија или пак ќе ви забрани да ја слушате песната која ја свири со другарите, но бидете му поддршка во секој момент. Така ќе знае дека секогаш постои една личност која навива за него.

Научете гo како да си ја испере облеката

… и како да ја наполни машината за садови и како да си испегла маица. Можеби нема да сака да го прави тоа, можеби нема ни да има потреба. Но како и да е, неговата сопруга ќе ви биде благодарна.

Дозвоелте му да изгуби

Губењето не е пријатно, но не сме сите победници во секој момент од животот. Дури и ако сакате да му покажете дека е победник само затоа што се обидел, воздржете се. Тој нема да се чувствува како победник, тажен е и разочаран и се чувствува без врска. Но, тоа е понекогаш добро, затоа што добро е да научи дека животот понекогаш не е фер, без разлика колку мајките се трудат да ги заштитат своите деца. Затоа, потрудете се да му објасните дека понекогаш во животот може и да губиме, а понекогаш да добиеме. Најважно е никогаш да не престанеме да се трудиме.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close