Нега и здравје

Како да спречиме инфаркт или мозочен удар? Овие намирници мора да ги имате на вашето дневно мени

Работи кои ќе ви го подобрат вашето здравје!

Високиот крвен притисок спаѓа во најчестите болести на денешнината кој со себе носи опасност од инфаркт и мозочен удар.

ФОТО: Илустрација

Се работи за тивка и непредвидлива болест која е еден од најчестите причинители на смрт ширум светот. За оваа болест најчесто докторите препишуваат терапија која помага во намалување на крвниот притисок, меѓутоа, промена на начинот на исхрана и начинот на живот воопшто, помагаат во регулирање на крвниот притисок и превенција од последиците кои истиот може да ги предизвика.

Здравата исхрана и физичката активност е неопходна за пациенти  кои што боледуваат од хипертензија. Истражувањата имаат покажано дека одредени намирници, посебно оние со висок состав на хранливи материи , како што се калиумот и магнезиумот, го намалуваат нивото на крвниот притисок.

ФОТО: Илустрација

Доколку патите од хипертензија, конзумирањето на одредени намирници може многу да ви помогне да го регулирате крвниот притисок и на тој начин да избегнете сериозни последици.

Цитрусно овошје

Цитрусното овошје, како што се лимонот, цитронот, портокалот, може да имаат моќни ефекти на намалувањена крвниот притисок.

Ова овошје содржи огромна количина на витамини, минерали и билни соединенија кои може да помогнат за одржување на здраво срце, намалувајќи ги ризичните фактори, во кои спаѓа хипертензијата.

ФОТО: Илустрација

Лосос и други мрсни риби

Мрсните риби се одличен извор на Омега-3 масти, кои допринесуваат за здравјето на срцето. Преку позитивниот ефект на влијание на Омега 3 мастите врз  нивото на холестерол, триглицериди и крвен притисок во нашиот организам ,  Омега-3 масните киселини директно го зачувуваат и подобруваат кардиоваскуларното здравје. Некои истражувања покажуваат дека внесувањето на овие масни киселини може да има значително корисен ефект, а некои сметаат дека ризикот за кардиоваскуларни проблеми се намалува и за дури 25%.

Семки од тиква

Семките од тиква се користеле  во медицински цели уште од античко време поради нивните одлични здравствени својства. Богати се со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк, витамин К и омега-3 масни киселини. Тие исто така содржат аминокиселина триптофан, која произведува хормон за среќа (серотонин), што влијае на добро расположение и поквалитетен сон. Магнезиумот е здрав за срцето: ако користите четвртина чаша семе од тиква, треба да знаете дека имате половина препорачана дневна количина магнезиум. Магнезиумот учествува во многу физиолошки функции кои се многу важни како на пример  испумпување на крв до срцето, релаксација на крвните садови и на тој начин регулирање на крвниот притисок.

Бобинки

Се смета дека бобинките имаат голема улога во намалувањето на крвниот притисок.боровинки, малини и  јагоди се намирници кои содржат калиум, како и витамин Ц и сложени јаглехидрати кои се ефикасни за намалување на крвниот притисок. Составот на овие плодови содржи пигментирани материи кои се дел од групата на гликозиди. Антоцијанидините, кои се наоѓаат во бобинките, го намалуваат крвниот притисок додека ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови. Јадењето на овие плодови, исто така, помага да се спречи таложење на лошиот холестерол во човечкото тело.

ФОТО: Илустрација

Ф’стаци

Фстаците се многу вкусни и здрави, а содржат и огромен број на хранливи материи неопходни за здравјето на срцето и регулирање на крвниот притисок, меѓу кои е и калиумот.

Ф’стаците  се здрава варијанта која помага во намалување на крвниот притисок со намалување на периферниот васкуларен отпор или стеснување на крвните садови и отчукувањата на срцето. Фстаците може да ги вметнете во вашата исхрана додавајќи ги во колачи, песто сосови и салати или јадејќи ги како закуска.

ФОТО: Илустрација

Морков

Морковите се богати со фенолни соединенија, како што се хлорогенската, п-кумаринската и кофеинската киселина кои помагаат во опуштање на крвните садови и намалување на воспаленијата, што може да помогне во намалувањето на нивото на крвниот притисок. Во еден морков од 100 грама има 2.8 г хранливи влакна, важни за добро варење и 320 мг калиум. За лица кои имаат проблем со висок крвен притисок се препорачува конзумирање и на домашно направен сок од морков два пати на ден.

ФОТО: Илустрација

Јогурт

Јогуртот е полн со хранливи состојки и минерали , како калиум и калциум и голем број на добри бактерии, кои ја балансираат секојдневната исхрана. Овој млечен производ го подобрува  имунитетот, здравјето на забите и срцето. Студија во која биле вклучени неколку илјади луѓе, открила дека ризикот од појава на висок крвен притисок кај испитаниците кои редовно конзумирале јогурт, се намалил дури 1/5, во однос на оние кои конзумирале јогурт еднаш месечно. Се препорачува еден јогурт дневно со ниско ниво на масти и со редовна физичка активност , како превенција од срцеви заболувања.

Целер

Целерот содржи огромно количества на витамини и минерали и тоа во сите негови делови, и лисјата и стеблото и коренот. Листовите на целерот се богати со витамин C и каротин, а коренот содржи калиум, калциум, фосфор. Во сите делови на целерот постои никотиновата и глутаминовата киселина и мало количество шеќер. Стеблото содржи големо количество разни соли и токму затоа се препорачува да се пие сок од него. Присуството на органската глутаминска киселина, го прави целерот широко да се применува во кулинарството како корисен засилувач на вкусот и мирисот. Ценет е по големото количество на прехранбени влакна, рибофлавин и хлорофил. Ги содржи витамините А, К, РР, витамини од групата В, содржи некои аминокиселини, разни етерни масла, НЕ содржи маснотии ниту пак холестерол. Од минералите целерот ги содржи калиумот, цинкот, калциумот, железото, фосфорот, магнезиумот и она што е многу битно содржи само мало количество на натриум. Заради ваквиот сооднос на натриум и калиум служи како одличен диуретик.Поради својот состав се смета дека делува во опуштање на крвните садови и  намалувањето на високиот крвен притисок,  кој е резултат на стресот. Целерот е исто така добар за регулирање на холестеролот. Треба да се користи повеќе во салати, чорби или како сок од целер

ФОТО: Илустрација

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close