Градинка

3 причини зошто тетките се незаменливи кралици во детскиот живот

Еве зошто тетките се незаменливи!

Кога детето ќе воспостави отворен однос полн со разбирање, тогаш полесно може да ѝ се довери на својата тетка, отколку на родителите. Еве неколку причини за тоа.

Во нив децата гледаат „кул возрасен пријател“

Во повеќето случаи, во односите помеѓу децата и тетките, не постои целосно сериозен однос, како во односот со родителите, па детето честопати тетката ја доживува како свој голем, пораснат пријател. Ако тетката притоа има интересна работа, патува низ светот или во кој било поглед е поразлична од родителите, детето ја доживува како единствена, откачена личност во својот живот.

Секогаш се тука како резервен родител

Секако, односот со тетката не се состои само од забава и дружење. Порано или подоцна, животот ќе ја покаже и својата помалку убава страна, па тогаш е посебно важно да знаеме дека можеме да сметаме на нашата тетка, особено ако немаме многу близок однос со нашите родители.

Децата полесно им се доверуваат на тетките, отколку на своите родители

Тетките не мора 24 часа дневно да се грижат за своите внуци, па затоа, се потрпеливи, поодморени и посремни за игри и забави, при што на децата им дава чувство на сигурност. Доверување за првите симпатии, признавање за лошите школски оценки е нешто што секое дете мора да има на кој да го каже, а честопати тоа е тетката.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close