Нега и здравје
ЌЕ МОРА ДА ПИЕ ЛЕКОВИ ЦЕЛ ЖИВОТ- Драгана Мирковиќ ЈА КРИЕШЕ ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА: Утврдена е тешка ДИЈАГНОЗА
Пејачката има проблеми со штитната жлезда...
Драгана Мирковиќ важи за една од најпопуларните пејачки на Балканот која во своите 55 години го постигна она за што многумина можат само да сонуваат: ужива во хармоничен брак, горда мајка е на две деца, а статусот на фолк ѕвезда и донесе не само слава, туку и богатство.
Но, сето горенаведено имало своја цена, а таа ја платила со своето здравје, како што пренесуваат медиумите.
Пред неколку години Драгана открила дека тироидната жлезда и е оштетена до тој степен што ќе мора да зема лекови до крајот на животот.
Иако нејзината кариера беше проследена со успеси, хитови и безусловна љубов на публиката, сепак пејачката беше изложена и на стрес. Пејачката е убедена дека токму тоа било поттик за нејзината болест.
– Проблемот со тироидната жлезда настана бидејќи многу работи премолчев. Навистина знае да биде болно кога има грутка во грлото и кога сакаш да зборуваш, но не си дозволуваш да кажеш или да одговориш. И ти знаеш се, и се ти е јасно, и сите знаат се и сите молчиме – рече таа.
Драгана Мирковиќ кога дознала за дијагнозата го променила начинот на исхрана, а покрај медицинската терапија зема и одредени суплементи, за да ја држи болеста под контрола.
Ова се природни додатоци за детоксикација кои го детоксифицираат организмот и кои во голема мера ја помагаат и подобруваат работата на тероидната жлезда, открива изворот за српските медиуми.
-Заедно со овие додатоци, Драгана мора да ја промени својата диета, но не и е тешко затоа што е на диета бидејќи води евиденција за својата тежина и е свесна дека здравата исхрана е најдобриот лек против стареење.
Оваа диетата ќе и помогне и ќе ја забрза и работата на нејзината тероидна жлезда. Во секој случај, Драгана сè уште се чувствува добро, но бидејќи се грижи за своето здравје, сака да стори се што е можно за да биде уште подобра и да се намали проблемот со нејзината тироидна жлезда на минимум “, изјави неодамна изворот близок до пејачка.