Кафе муабет

Јелена Спенџарска ги израдува своите фанови: По одлуката да се пресели во Солун водителката соопшти многу убави вести

Нема да го прекине ангажманот...

Гледачите на Канал 5 телевизија секое утро имаат можност да уживаат во убавата насмевка и позитивна енергија на водителката Јелена Спенџарска.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Но неодамна водителката откри дека заминува во Солун каде ќе започне заеднички живот со своето момче Лукас.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

– Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот, расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот. Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае. Но, за мене беше незаборавна авантура затоа што кога сте целосно посветени на себе, секој ден откривате нешто ново за вас и станувате сѐ посвесни за својот потенцијал. Еден таков ден кога лежев на плажа во Грција, бев сама, го гледав зајдисонцето и точно како вчера да беше, се сеќавам дека си мислев колку сум горда на себе што се учам да уживам во вакви секојдневни нешта и колку сум среќна токму сега во овој момент – два часа подоцна запознав човек за кој, во тој момент, не бев ни свесна дека ќе го промени целиот тек на мојот живот. Нашата прва средба не беше ништо во споредба со втората, која беше пресудна за мене. Јас често му велам – тоа беше љубов на втор поглед – хаха. Првиот разговор од неколку часови, мислам дека ги постави темелите за втора средба, се случи во еден ресторан, тој веќе ме чекаше таму, јас дојдов после него и моментот кога го видов уште од самиот влез, како нешто да ми рече ОВА Е ЧОВЕКОТ. Со секој чекор како што се приближував до масата, гласот стануваше сѐ посилен. Јас никогаш не сум била толку збунета и возбудена во исто време. Уште истиот ден и двајцата знаевме дека тоа е тоа. Сѐ друго е историја – рече Јелена за запознавањето со Лукас.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

– Среќа што не сме многу далеку, сепак е место за кое не ти треба авионски билет, па сега-засега функционираме нормално. Но, веќе некое време размислувавме на оваа тема, и двајцата донесовме одлука дека најдобро е јас да се преселам таму. Сепак е поголем град, повеќе можности, повисоки температури и јас сум спремна за нови предизвици, така што ете, нешто што првпат го објавувам јавно, во март се селам во Солун – откри водителката за Слободен печат.

фото Инстаграм/Јелена Спенџарска

Јелена открива дека засега, таа и Лукас немаат планови за брак, но сакаат да започнат заеднички живот, затоа што за нив тоа е многу важна подлога за сето она што ќе следува понатаму, истакна таа во интервјуто за горенаведениот медиум.

фото Инстаграм/Јелена Спенџарска

Нејзините фанови беа вознемирени од веста дека повеќе нема да ја гледаат на малите екрани, но на својот Инстаграм профил Јелена објави дека нема да го прекине својот новинарски ангажман. Таа еднаш во неделата ќе се појавува на водителското столче а најави многу повеќе прилози од Солун.

фото Инстаграм/Јелена Спенџарска

„Работата на телевизија си продолжува иако нема веќе да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун. Морам да бидам и таму, но и тука, сепак имам и доста приватни ангажмани, брендови со кои соработувам во Скопје, кои бараат и физичко присуство. Тука сум и колку што можам им стојам располагање на сите, плус, не зезајте, еве го кај е, ќе биде интересно.“ Напиша водителката.

фото Инстаграм/Јелена Спенџарска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close