Кафе муабет

Јелена Спенџарска удри по хејтерите: Коментирате грдосијо, провинцијалко, знаете дека се ќе ве стигне, така?

Не сака лицемерие...

Македонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска важи за една од оние кои немаат влакна на јазик и го кажуваат она што го мислат.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Таа не крие дека многу пати била критикувана и добивала негативни коментари од следбениците а сега и јавно проговори на таа тема.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Јелена сними видео на тема лицемериe и булинг: а во описот на видеото напиша- Ама сериозно, како не ви е страв дека некој навистина може да си одземе живот поради само еден збор кој сте го напишале ?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska)

Таа истакнува дека не може да си поверува на коментарите кои ги чита под вестите објавени за неа…

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

-Грдосијо, провинцијалко, врати се од каде што си дошла, погледни се во огледало, к.ур.во, сешто. Пред некое време имавме дури и самоу.биство на ученик во едно училиште во Скопје баш поради булинг, и наназад имаме ред ситуации кои можеби не донеле до см.рт но сепак се зборува за булинг и колку е тој штетен и сите ние сме навредени на Фејсбук. Леле да, колку е важно менталното здравје, треба да зборуваме, да го спречиме тоа, да бидеме поддршка, да се сакаме повеќе и после одиме на друг портал, во коментар, имавме девојка која што загина во Африка, за која коментираа Ако и е, го добила тоа што го заслужила, не сакам да навлегувам во детали, или ќе отидете кај било која јавна личност овде и повторно во коментари ќе најдете: Простакуша, од каде и пари, што па таа разбира, луѓе вие сте лицемерни. Толку лицемерие, толку злоба, толку гнев, фрустрации, јас лично немам видено. Знаете дека се ќе ве стигне, така, не затоа што јас сакам, лицемерни сте, завршува во своето видео обраќање водителката.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска
фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close