Кафе муабет

Русокоса убавица со префинет вкус: Оваа докторка е партнерка на Ана Брнабиќ- сите сакаат да го копираат нејзиниот стил а еве и зошто

Милица се грижи за стајлингот на Ана...

Српската премиерка Ана Брнабиќ има исклучително убава емотивна партнерка, докторката Милица Ѓуриќ.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Нивната врска е многу интригантна за јавноста која сака да дознае нешто повеќе за нив и за тоа како функционираат зад затворени врати.

фото принтскрин

Имено, Милица важи за дама со исклучителен елегантен стил, која каде и да се појави е во центарот на вниманието.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Русокосата убавица плени не само со својот стајлинг и убавина туку и со својот неверојатен шарм.

Милица Ѓурѓиќ е почитувана докторка, која секогаш одбира да биде елегантна кога се работи за јавни настани каде ја придружува својата партнерка Ана Брнабиќ, и речиси никогаш не греши во изборот.
Милица пред извесно време се појави во комбинација која и прилега на секоја дама.

фото принтскрин

Таа сака скапи парчиња, а многу е вешта во комбинирањето на винтиџ и модерни детали.

Фото Стори.рс

Милица остави многу добар впечаток со изборот на својата гардероба и неодамна на отворањето на фестивалот Зимска бајка. За таа прилика облекла кафени панталони со широки ногавици, снежно бел оверсајз капут, околу вратот ставила шал во иста боја, а косата ја прекрила со беж капа. Целата комбинација не би била толку добра доколку не ги облече совршените бело-сиви каубојски чизми.

фото Стори.рс
фото Стори.рс

Многумина би сакале да го копираат стилот на Милица Ѓурѓиќ но харизмата и достоинственото однесување се она што ја прават Милица посебна.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Премиерката на Србија секогаш е многу среќна кога зборува за својата емотивна партнерка во медиумите, а речиси никогаш не заборава да го спомене и синот Игор кој е центар на нивниот свет.

фото Стори.рс

Во една прилика Ана откри дека нејзината партнерка Милица се грижи за нејзиниот стајлинг.

фото Стори.рс

„Не знам брендови. Милица ми купува се. Навистина не знам“, изјави таа во емисијата „Амиџи шоу“.
Долго време се шушкаше и за свадбата на Ана Брнабиќ и Милица а неодамна премиерката отворено зборуваше за ЛГБТ заедницата на која и припаѓа, а која, според мислењето на нејзините членови, не е доволно застапена, а се осврна и на денот на нејзината венчавка со Милица.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

-Слушнав и дека сме се венчале, но тоа не е точно. Во врска сме над 15 години, но не сме во брак. Последното нешто што би го направила е да си дадам поголеми права од кој било граѓанин на Србија. Јас никогаш не би го направила тоа. Тоа е спротивно на сите мои принципи. Верувајте, попрво би се убила – посочила премиерката која и покрај тоа што законски не го регулирала односот со избраничката ужива и прави планови за иднината.

фото Принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close