Кафе муабет

Водителот Ване Маркоски до Градоначалниците на Скопје – ЗЕМЕТЕ ПРИМЕР ОД КРИВА ПАЛАНКА КАКО ТРЕБА ДА ИЗГЛЕДА ГРАДОТ

Водителот ,,распали’’ по Градоначалниците...

Ване Маркоски важи за еден од најпопуларните телевизиски и радио водители во Македонија.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Без влакна на јазикот Маркоски секогаш успева да биде во центарот на вниманието кај македонската јавност.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Пред околу 2 години новинарот преку социјалните мрежи соопшти дека ја напушта телевизијата во која работеше во претходните пет години. Како што тој самиот соопшти тогаш, повеќе нема да биде дел од тимот на овој медиум затоа што им се разделиле патиштата.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Маркоски беше дел од тимот на Утринската програма на Канал-5 телевизија.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

„Благодарам на Канал 5 телевизија за целокупната доверба овој период, доверба која ја оправдав како работник, работник кој секогаш беше во први редови за одбрана на интересите на телевизија и програмата и останува уште цел месец. Поради сплет на околности, надвор од моќта на еден обичен работни, сега за сега останувам без ТВ ангажман, но среќата во душава ми кажува дека го направив чекорот кој ќе ми донесе нова димензија во животот и многу убави моменти“,напиша тогаш во своето известување Ване на Инстаграм.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Маркоски моментално е дел од Утринската програма на Македонската радио телевизија.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Ване е мошне активен и на социјалните мрежи каде има голем број фанови со кои го споделува поголемиот дел од неговото секојдневие.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Маркоски важи за водител без влакна на јазикот, па така овојпат на социјалните мрежи реши да им се обрати на Градоначалниците на Скопје.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

,,Градоначалнициве од Скопје нека земат пример од Сашко Митовски. Нека го побараат да им објасни како може и како треба за да се насмеат и израдуваат луѓето за празнициве’’, напиша водителот на Фејсбук

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Инаку, денес осамнаа фотографии од украсената Крива Паланка.

  Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Мислењата на граѓаните сепак останаа поделени.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Едни коментираа позитивно и го пофалија Градоначалникот, а други сметаат дека сепак е потребно да се штеди во време на енергетска криза.

Фото:Фејсбук/Ване Маркоски

Останува да видиме кој став ќе го заземат Градоначалниците на Скопје и дали скопјани ќе ја почувствуваат оваа година Новогодишната магија на градот.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close