Новости

ЧУДОТО СЕ ВИКА АЈДА: Девојчето спасено од под урнатините во Измир прво што побарало било ќофте и арјан

Две девојчиња беа спасени од урнатините во Измир кој во петокот го погоди силен земјотрес

Целиот свет се моли за четиригодишното девојче Ајда кое беше извлечено од под урнатините во Измир, кој го погоди силен земјотрес со јачина од 6,6 степени.

 

(Photo by OZAN KOSE / AFP)

Вчера на социјалните мрежи стана хит видеото на кое можеше да се забележи како спасувачите успеаа да го извлечат девојчето херој кое повеќе од 90 часа беше под урнатините.

 

Ајда моментално е во болница и е во добра состојба. Се опоравува.

Турскиот претседател на Твитер објави дека таа е добро и се помоли за неа.

„Чудото се вика Ајда. Фала му на Алах кој ни даде нова надеж низ твоите насмеани очи по 91 час. Ти посакувам брзо закрепнување, прекрасно дете “, напиша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер, посакувајќи побрзо закрепнување на четиригодишната Ајда Гезгин.

Набргу потоа, Ердоган објави видео од девојчето Ајда од болницата, каде се опоравува.

Посебни емоции во јавноста предизвика моментот кога малата Ајда, ги кажува своите детски желби и кога еден од спасувачите ја праша што сака во моментот таа одговори храна.

– Што сакаш, душо?

Ајда: Храна

Каква храна

Ајда: Ќофтиња и Ајран

 

Од урнатините вчера беше спасено уште едно девојче Елиф, кое беше пронајдено 65 часа по земјотресот.

-Твојата насмевка ќе остане врежана во нашите срца. Имај убав, долг и успешен живот Елиф – напиша на социјалните мрежи Омер Сертес, советник за медиуми во Амбасадата на Република Турција во БиХ.

Брзо закрепнување на Елиф и посака и турскиот претседател кој по разорниот земјотрес во Измир, им вети нови куќи и станови на сите што останаа без покрив над главата.

На 30 октомври силен земјотрес ги погоди грчките острови Додеканези а потоа беше регистриран земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер во турскиот крајбрежен град Измир.

 

Според податоците во земјотресот животот го загубиле над 100 лица. Во петокот загинаа 91 лице.

Инаку вчера Јавното обвинителство во Измир започна истрага против одговорните за изградбата на зградите кои целосно се срушија во земјотресот.

Беа приведени 9 од 11-те осомничени, меѓу кои и  работниците кои работеле на зградите срушени во земјотресот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close