Новости

ЈА КРИЕА ЉУБОВТА СО МЕСЕЦИ, ЈА ЗАПРОСИ А СЕГА НЕ ЈА КРИЈАТ СРЕЌАТА: Актерите од познатата турска серија наскоро ќе го кажат судбоносното “ДА”

Парот наскоро планира свадба...

Се повеќе се шушка дека познатите турски актери Гокберк Демирчи и Озге Јагуз се пар.

Тие својата љубов од хит серијата  „Заклетва“,ја пренесоа и во реалниот живот.

Актерите веќе неколку месеци уживаат во својата љубов, а ја продолжија и откако таа ја напушти оваа серија.

Нивната љубов очигледно ќе биде крунисана со брак. Актерот потврди дека планираат заедничка иднина и венчавка. Првиот чекор веќе беше направен кога актерот ја запроси Озге. Парот се уште не го одредил датумот на венчавката.

Озге и тој имаат прилично напорен распоред кога станува збор за работа и малку време за приватен живот.

 

Демирчи клекна пред Озге, а таа го кажа своето судбинско „ДА“ пред неколку месеци и  нивната среќа решија да ја споделат и да ги израдуваат своите пријатели и фанови преку социјалните мрежи.

 

Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз

Тие досега не се огласувале често во врска со нивната романса, иако пред неколку месеци ја потврдија врската.

 

Фото: Инстаграм/ Гокберк Демирчи

„Би сакала да им се заблагодарам на сите кои од почеток не почитуваа и поддржуваа. Сите кои ја поттикнуваа нашата љубов, големо благодарам.“

 

Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз

Во хит серијата  „Заклетва“  Озге ја глумеше убавата Рејхан.

Таа со својата улога во оваа љубовна сага се прослави како во Турција, така и во регионот, но откако реши да го напушти проектот беше главна тема во турските медиуми.

 

Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз

Таа иако по професија е нутриционистка, ќе ја засака глумата, и како што вели ќе се пронајде во оваа професија. Но очигледно благодарение на глумата таа ќе го сретне и човекот на својот живот, а глумењето во серијата „Заклетва“ покрај популарност ќе и донесе и големо искуство.

 

Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз

Токму затоа и многумина се прашуваа зошто актерката ненадејно реши да го напушти овој проект, по што се огласи и таа и ја соопшти вистината.

 

Фото: Инстаграм/ Гокберк Демирчи

Имено убавата актерка во текот на летните месеци призна дека ја напуштила серијата бидејќи завршил нејзиниот договор и дека е време да проба нешто друго.

Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Гокберк Демирчи
Фото: Инстаграм/ Гокберк Демирчи
Фото: Инстаграм/ Гокберк Демирчи
Фото: Инстаграм/ Гокберк Демирчи
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз
Фото: Инстаграм/ Озге Јагуз

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close