MAMA
Голема тpaгедија – 13 годишно момче си го одзеде животот на својот прв училишен ден!
Уживал во летниот одмор но пеколот почнал повторно на првиот училишен ден
Идентитетот на младото момче кое си го одзеде животот , на самиот почеток на учебната година во училиште во Северна Каролина, е откриен откако неговата мајка чие срце е скршено откри дека бил малтретиран во училиште со години.
Таа прати апел до сите родители да ги учат своите деца да бидат љубезни кон своите другари од училиште.
Аустин Пендерграс, 13 години, си го одзеде животот во тоалетот во училиштето Вендел, на првиот училишен ден од осмото одделение.
Неговото безживотно тело било пронајдено од страна на двајца ученици, поради што училишните службеници ги испратиле сите останати ученици дома, со изговор дека има „медицинска криза“.
Семејството Пендерграс веќе потврди дека тој се самоубил, после долги години на малтретирање во училиштето од страна на соучениците.
-Знаците беа таму, но малтретирањето беше многу лошо-изјави неговата ужалена мајка Џесика Пендерграс, откривајќи дека детето било малтретирано од шесто одделение.
-Беше многу лошо минатата година кога децата само го исмеваа и повредуваа-изјави семејната пријателка Џалија Харис во видеото снимено на бдеењето во средата навечер.
-Само треба да ги учите и воспитувате вашите деца да бидат љубезни- додаде Џесика Пендерграс.
Семејството и пријателите се собрале во чест на малото дете на бдеење во средата навечер и секој од нив ја носел омилената боја на Остин-црвена. Сите носеле цвеќиња и балони кога се собрале во паркот
Најдејл во Вендел во средата навечер од каде што ги пуштиле балоните на небото во спомен на Аустин Пендерграс.
-Посакувам Аустин да можеше да знае од колку многу луѓе има поддршка и да не се чувствуваше толку осамено-изјави неговата мајка.
Оние луѓе кои го познавале Аустин на бдеењето го опишале како многу паметно момче кое сакало секогаш да му кажува шеги на својот татко.
Аустин беше многу паметен и премногу сладок. Секогаш кога ќе стигнев дома и ќе ја паркирав колата доаѓаше и ме прашуваше дали ми треба помош за да однесам нешто до дома -изјави Џесика Пендерграс.
Пендерграс бил и член на бендот од неговото училиште и бил познат како личност која се грижи многу за животните.
-Тој многу сакаше морски желки. Секогаш велеше, немој да користите сламки, тие се лоши за желките- раскажува неговата мајка.
Сега, рече таа, само се надева дека неговата смрт ќе донесе одредена свест кај родителите, да ги проверуваат своите деца, да одат преку нивните социјални медиуми, преку нивните телефони, за да знаат вистински што се случува.
Таа прати порака до сите родители да ги учат своите деца да бидат љубезни кон другите деца, иако тие се на било кој начин поинакви, и како родители да ги гушкаат малку посилно.
Прераната см-рт на Аустин се случила на денот кога училишниот одбор на Вејк округот требало да добие презентација за свесноста за сам-оуб-иствата.
По смр-тта на Аустин директорката на неговото училиште, Кетрин Трудел, со писмо се обратила до сите родители во кое вели дека училиштето ќе обезбеди тим за услуги за ученици и тим за поддршка од Окружниот кризен центар за да им помогне на ужалените ученици.
-Сакам да им дадеме поддршка и да знаат дека мислиме на нив и ги имаме во нашите срца- рече директорката.
Покрај тоа, член на училишниот одбор Хедер Скот изјави дека градот Вендел ќе го опкружува училиштето со ништо друго освен љубов и поддршка.