Кафе муабет

Кога и да ја посетела Босна спиела во хотели- еве зошто навистина раскинале Рада и Харис!

Неговите не ја прифатиле за потенцијална снаа...

За приватниот живот на Радмила Манојловиќ во последните години многу се пишува и се зборува, а пејачката секогаш се трудела да ја зачува приватноста и не откриваше детали од врската со девет години помладиот колега Харис Берковиќ.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Јас и Харис повеќе не сме заедно. Им благодарам на сите наши заеднички фан страни за поддршката и апсолутно му посакувам многу среќа во животот и кариерата. Нема да коментирам многу, како што не коментирав за време на врската. Благодарам – напиша Рада на својот Инстаграм профил.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Иако Манојловиќ не сакаше да ги открие причините поради кои ја прекина врската се шпекулира дека главната причина за раскинувањето е неговото семејство кое не ја сака Рада.

фото архива

– Иако беа во врска со години, родителите на Харис никогаш не ја прифатија Рада како потенцијална снаа. Најмногу им пречела верската разлика и верувале дека Рада е воспитана сосема поинаку од нивниот син и дека нема да можат да живеат во хармонична заедница. Исто така, не им се допаднало тоа што пејачката е девет години постара од нивниот син, како и нејзината животна цел. Сакаа сосема поинаков профил на снаа – изјавил извор близок до парот.

фото архива

– Рада на секој начин се трудеше да го освои срцето на семејството Харис, но, за жал, не успеа. По пандемијата на коронавирус, работите станаа уште покомплицирани. Многу е приврзан за семејството, не успеа да изгради успешна кариера во Србија, а поголемиот дел од времето го поминуваше во Босна – објасни изворот и откри какви биле посетите на Рада во татковината на Харис.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Секогаш кога доаѓаше во Босна, спиеше во хотели. Таа никогаш не дошла во неговата куќа, семејството избегнувало секаков контакт со неа и Харис се најде во непријатна ситуација. Тој повеќе не можел да го издржи притисокот и го променил однесувањето кон девојката. Иако се трудела на секој начин да ја спаси врската, на крајот раскинале – објаснил добро упатен извор, кој додал дека и покрај разликите, семејството на Рада го прифатило Харис.


– На таткото на Рада единствено му е важна среќата на неговата наследничка, а кога виде дека таа го сака Харис ја поддржа врската со него… – заклучил соговорникот.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Шокантни обвиненија!

Пред неколку дена како бомба одекна веста дека Дарио, поранешен учесник на реалното шоу „Парови“ снимал п..но видео со пејачката Рада Манојловиќ, а сега Дарио упати нови обвинувања кон Манојловиќ.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Имено, Шогоровиќ тврди дека Рада посегнала по магии за да го држи под контрола своето поранешно момче Харис и да прави што сака со него.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Сестрата на Рада со некои баби отишла кај Хоџа, во Босна, се со цел да се премисли, за да може да го контролира. Момчето се заслепи. Родителите на Харис нашле белешки зашиени во неговите панталони, а додека бил во Белград, со неа, нашол белешки во неговите џебови. Таа потоа се преправаше дека е луда, како „Ај, кој ти го прави ова“, а сето тоа му го правеше за да биде нејзин. Посегнала по магии за да го задржи, тоа е суштината… – рече Дарио и објасни како магиите и врската со Манојловиќ лошо влијаеле на Берковиќ:

printscreen instagram/_marija_manojlovic

– Неговите родители воопшто не ја прифатија. Како да ја прифатите. Го уништи своето момче. Почна да пие, да се коцка, таа се фали како му ги враќала коцкарските долгови… Па, исто како што направи Далила со Дејан Драгојевиќ. Неговите родители едвај успеаја да го разбудат – изјави Шогоровиќ.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Рада се огласи по оваа скандалозна изјава и истакна дека нејзиниот татко и дал многу добар совет.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

-Ќе ги коментирам зборовите на татко ми: „Ќерко, биди среќна, од толку лудаци на слобода, само еден ти се залепи“ – рече Рада.

ФОТО: Рада Манојловиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close