MAMA

Жена со брада реши да не користи веќе никакви третмани за отстранување на истата

Треба само да се научите како да го сакате своето природно јас

„Многу пати бев прашана дали сум маж или жена?“

Жена која страдала од хормонално пореметување кое резултирало со растење на влакната на лицето, одлучила да ја расте брадата на лицето, откако заклучила дека бричењето и депилирањето на брадата и го уништуваат лицето.

Преставникот за услуги на клиентите 40 годишната ЛаРеј Перкинс од Комптон, Калифорнија, цел живот се бори со растот на влакната на нејзиното лице.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс

На 12 годишна возраст и бил дијагностициран синдром на полицистични јајници, што е всушност состојба која влијае на работата на јајниците, што резултира со нередовни менструални циклуси и се создаваат вишок андрогени( машки хормони).

Нејзината состојба ја довела во ситуација да има проблеми во текот на своето растење, бидејќи често се соочувала со прашања дали ЛаРе е маж или жена.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс

Но и покрај сето тоа ЛаРе никогаш не дозволила негативните луѓе да ја разочараат и напротив сите негативни коментари ги насочила кон тоа да стане многу посилна.

Сега, таа ги претставува жените со брада со позитивност и моќ, учејќи ги да го прифатат она што ги прави уникатни со лансирање на сопствен бренд за облека со слоганот „Да, јас сум девојка“.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс

-Започнав да ги чувствувам последиците од моите проблеми со хормоните, во периодот кога ми почна пубертетот, на возраст од околу 12 години, но проблемот со растење на брадата го имав целиот мој живот-изјави ЛаРе.

-Имав дебели бакенбарди кои се поврзуваа со задниот дел од линијата на мојата коса-продолжи таа.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс

-Единственото нешто кое ми беше тогаш објаснето е дека имам поголем процент на машки хормони познати како андрогени, за разлика од другите жени. Сите жени имаат андроген-раскажува ЛаРе-пишува Дејли Меил.

-Започнав да имам нередовни менструални циклуси и морав да пијам апчиња за контрацепција за да можам да го регулирам циклусот. Тоа беа моментите кога моето тело започна борба со хормоните-вели ЛаРе.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс

Таа се присети дека се чувствувала осамена, засрамена, различна, обесхрабрена, збунета, емотивна по нејзината дијагноза, но оттогаш научила како да се прифати себе.

-Третманите кои ми се потребни се ласер, бричење, депилирање, но заклучив дека сето тоа негативно влијае на мојата кожа и ја уништува, затоа решив да не правам нешто кое реално не може да направи да ја снема мојата брада, а и немам контрола на целиот тој процес-рече ЛаРе.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс

-Никогаш нема да се бричам затоа што бричењето ќе направи повеќе проблеми за мојата кожа. Ќе почнат да ми се појавуваат црни точки на лицето, акни, пигментација како и лузни од бричењето, поради што ќе се чувствувам многу помалку убаво-додаде ЛаРе.

ЛаРе добила различни коментари низ годините , но наместо да биде поразена низ годините од нејзините хејтери научила како истите да ја прават посилна.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс

Семејството ЛаРаес многу и помага на ЛаРе во нејзините тешки моменти-таа има жена која боледува од мултиплекс склероза и лупус и ќерка на која секогаш може да се потпре кога и е потребна поддршка.

-Ние жените со брада, не сме секојдневие, но сме човечки суштества. Мора да се сакаш себе со сите свои мани, за да те почитуваат и другите инаку ќе останеш да бидеш личност која се крие и се обидува да се вклопи во овој несовршен свет-изјави ЛаРе.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс

-Јас ја искористив мојата шанса да излезам и да го употребам мојот збор за да придонесам за свесноста во однос на жените кои имаат проблеми со влакна на лицето-додаде таа.

-Ова за мене е едно ново и големо патување и многу ми е мило што го направив тоа и ако поради мене дури и една жена чувствува дека може да го прифати своето природно јас, тогаш имам со што да се гордеам, вредеше-рече ЛаРе.

ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс
ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс
ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс
ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс
ФОТО: Принтскрин/ЛаРе Перкинс со нејзината жена

Извор:Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close