Кафе муабет

,,ТОЈ Е ПАМЕТЕН, ТОЈ Е ЗГОДЕН, ТОЈ Е СИЛЕН’’ – Пејачката Сара Мејс откри што се’ прави нејзиниот Димитар за таа да се чувствува како госпоѓа

,,Тој е мојот засекогаш Валентајн’’ – Сара Мејс емотивно за сопругот...

Талентирана и успешна во својата професија, младата пејачка и харфистка Сара Костадиновска, во јавноста позната како Сара Мејс е доста активна на социјалните мрежи.

Сара е во брак со познатиот водител Димитар Атанасовски, а круна на нивната љубов се ќеркичката Илина и синчето Кирил.

Сара и Димитар важат за едни од најпознатите парови во Македонија. И двајцата се доста активни на социјалните медиуми каде многу често споделуваат фотографии како од приватниот така и од професионалниот живот.

Парот се венчаше во 2017 година и направи свадбена прослава со сите традиционални обичаи.

Димитар повеќе од 15 години е дел од јавната сцена. Публиката го запозна како водител на емисијата „Тротоар“, работи во Сити радио и скоро и да нема фестивал и манифестација во Македонија н Сара и Димитар важат за едни од најпознатите парови во Македонија. И двајцата се доста активни на социјалните медиуми каде многу често споделуваат фотографии како од приватниот така и од професионалниот живот.а која не бил водител.

Сара и Димитар постојано се активни на социјалните мрежи каде ја искажуваат нивната љубов.

Неодамна, Сара објави видео на Инстаграм во кое покажа колкава поддршка и’ е Димитар во животот.

 

„Сам ја креава, сам ја носи, сам ја става во кола, сам ја мести. Тој е паметен. Тој е згоден. Тој е забавен. Тој е силен. Тој е одличен носач на харфи. Тој е мојот засекогаш Валентајн. Тој е Димитар Атанасовски“ – напиша пејачката на видеото на кое покажа како нејзиниот сопруг ја сместува нејзината харфа во автомобилот.

На следното стори, сподели фотографија од неа, на која напиша:

„А, јас? Како госпожа: Само да се качам во кола и да се одвезам.“

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close