Кафе муабет

Луна и Марко заработија многу пари од август до сега – еве како успеаа да се збогатат!

Тие успеаа да станат најплатените Јутјубери на српската сцена и во 2021 година...

Луна Џогани и Марко Миљковиќ слободно можат да кажат дека оваа година ги одбележа нивните животи.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Имено покрај тоа што парот годинава ја доби ќерката Миа, сега тие се пофалија со својот голем успех. Имено за кратко време тие успеаа да станат најплатените Јутјубери на српската сцена и во 2021 година заработиле дури 50.000 евра од нивниот заеднички канал на YouTube.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
фото Инстаграм/Луна Џогани

Парот го отвори својот канал на почетокот на август 2020 година и досега има 51 милион прегледи на него, со што остави зад себе многу други инфлуенсери кои имаа канали на оваа платформа многу подолго од нив. За овој успех неодамна им честитаа бројни фанови, а добија и плакета од самиот Јутјуб за првите 100.000 следбеници.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Како што е познато, заработката од YouTube е во просек околу 800 до 1.000 евра за милион прегледи, па со едноставна пресметка се доаѓа до бројката од приближно 50.000 евра, кои ги заработија годинава, што автоматски ги рангираше на самиот врв по однос на заработката во овој регион.

Самиот Марко пред неколку недели во изјава за Курир изјави дека заработува од оваа социјална мрежа.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

– Заработувам колку и секоја друга работа. Колку понапорно работите, толку повеќе заработувате. Заработката на YouTube зависи од многу фактори – од прегледите, но и од возраста на оние кои ве гледаат. На пример, ако те гледа помлада популација, ќе заработиш помалку отколку ако те гледа постара популација, – рече Марко и објасни дека YouTube има свој алгоритам кој ги препознава карактеристиките на оние кои го гледаат каналот и дали тоа лице купува онлајн.

Фото Инстаграм/Марко Мијковиќ
Фото Принтскрин/Јутјуб

– Алгоритмот препознава се и врз основа на тоа ви дава помала или поголема плата, а платите за, на пример, милион прегледи се движат од 200 до 2.000 евра месечно. Тоа зависи и од месецот во годината. На пример, прегледите се плаќаат повеќе на крајот на годината отколку, на пример, во јануари или февруари. Покрај прегледите, луѓето заработуваат и преку спонзорства, а заработката од тоа може да се фиксира или регулира на друг начин, како што е веќе дефинирано во договорот – рече тогаш Марко.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Гледам дека во Србија има луѓе кои добро заработуваат од тоа. Тоа се гледа на нивните канали и по тоа што купуваат, каде патуваат, што прават… – заврши Миљковиќ.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Заработија 5.000 евра за еден ден!

Луна Џогани и Марко Миjковиќ заработија 5.000 евра за еден ден од едно видео на Јутјуб каде ја претставија својата ќерка Миа, пишува српски Курир.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Одамна е јасно дека оваа брачна двојка е исклучително популарна, но се чини дека нивните обожаватели се побројни од ден на ден.

Фановите го следат секој чекор на Луна и Марко, и на Инстаграм и на другите социјални мрежи. Тие двајца се повеќе го развиваат својот канал на Јутјуб, на кој објавуваа клипови од секојдневниот живот речиси секој ден во последните месеци, а особено беа активни за време на бременоста на Луна. Така, можевме да видиме и да откриеме што сака да прави Џогани во текот на денот, што готви, која е омилената храна на Марко и многу повеќе.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

По раѓањето на нивната ќерка, тие направија кратка пауза и не снимаа нови видеа бидејќи сакаа да се посветат на својата сакана. Првиот клип после долго време беше оној во кој ја претставија Мија, а тоа, очекувано, предизвика големо внимание. За само еден ден, тоа видео беше прегледано дури 500.000 пати, што е повеќе од добро. Според проценките на страницата Jutjuber.me, само за тој клип, тие двајца заработиле 5.000 евра за еден ден.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Покрај тоа, тие објавија и други клипови, како оној во кој покажаа како изгледа нивниот нов стан, од кој заработија и приближно слична сума пари, а многу гледаната снимка беше и онаа што покажува како пазарат во неделите.

Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Според проценките на споменатата страница, Луна и Марко само за два месеци заработиле околу 12.000 евра од видеата на Јутјуб. Сметајќи на фактот дека нивниот бизнис ќе се шири се повеќе и дека ќе заработуваат многу пари од секое видео, Миjковиќ и Џогани неодамна изјавија дека не им паѓа на памет повторно да влезат во реално шоу и дека целта им е да имаат свое шоу преку YouTube канал.

фото принтскрин/Јутјуб
фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

Гордите родители, најавија дека Миа ќе ја покажуваат на својот канал, но и ги замолија фановите и медиумите да не го прикажуваа лицето на нивната ќерка. По видеото коментарите веднаш почнаа да се редат, а најголем број од фановите заклучија дека малото девојче личи на таткото.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close