Кафе муабет

“Тоа беше љубов на втор поглед”: Таа е една од најубавите македонски водителки а сега за прв пат раскажа како се запознала со Гркот Лукас

Планираат да живеат заедно...

Јелена Спенџарска важи за една од најубавите водителки кај нас а гледачите на Канал 5 секое утро имаат можност да уживаат во нејзината насмевка и позитивна енергија.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Таа во интервју за Слободен Печат за прв пат откри како го запознала својот партнер, Лукас.

– Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот, расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот. Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае. Но, за мене беше незаборавна авантура затоа што кога сте целосно посветени на себе, секој ден откривате нешто ново за вас и станувате сѐ посвесни за својот потенцијал. Еден таков ден кога лежев на плажа во Грција, бев сама, го гледав зајдисонцето и точно како вчера да беше, се сеќавам дека си мислев колку сум горда на себе што се учам да уживам во вакви секојдневни нешта и колку сум среќна токму сега во овој момент – два часа подоцна запознав човек за кој, во тој момент, не бев ни свесна дека ќе го промени целиот тек на мојот живот. Нашата прва средба не беше ништо во споредба со втората, која беше пресудна за мене. Јас често му велам – тоа беше љубов на втор поглед – хаха. Првиот разговор од неколку часови, мислам дека ги постави темелите за втора средба, се случи во еден ресторан, тој веќе ме чекаше таму, јас дојдов после него и моментот кога го видов уште од самиот влез, како нешто да ми рече ОВА Е ЧОВЕКОТ. Со секој чекор како што се приближував до масата, гласот стануваше сѐ посилен. Јас никогаш не сум била толку збунета и возбудена во исто време. Уште истиот ден и двајцата знаевме дека тоа е тоа. Сѐ друго е историја – рече Јелена за запознавањето со Лукас.

– Среќа што не сме многу далеку, сепак е место за кое не ти треба авионски билет, па сега-засега функционираме нормално. Но, веќе некое време размислувавме на оваа тема, и двајцата донесовме одлука дека најдобро е јас да се преселам таму. Сепак е поголем град, повеќе можности, повисоки температури и јас сум спремна за нови предизвици, така што ете, нешто што првпат го објавувам јавно, во март се селам во Солун – открива водителката за Слободен печат.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Јелена за Лукас вели дека е човек покрај кого учи многу за себе, како да биде подобра и каде секојдневно греши.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

– Тој е човек што постојано ме изненадува како карактер. Егото му е спуштено на минимум и тоа е најпредизвикувачкиот дел за мене. Со тоа учам многу за себе, како да бидам подобра и каде секојдневно грешам. Тотално небалкански менталитет, маж што знае како да се однесува со жена, многу внимава на сѐ што ќе каже, често знае да ме изненади со некоја негова идеја. Многу сме различни, а многу исти во исто време, тоа е некој чуден феномен, кој не можам да го објаснам, но функционира беспрекорно – вели Јелена.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Јелена открива дека засега, таа и Лукас немаат планови за брак, но сакаат да започнат заеднички живот, затоа што за нив тоа е многу важна подлога за сето она што ќе следува понатаму, истакна таа во интервјуто за горенаведениот медиум.

фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска
фото Фејсбук/Јелена Спенџарска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close