Кафе муабет

ЉУБОВТА ПОБЕДИ – Јелена Спенџарска СЕ СЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА

Спенџарска одлучи да се иссели од државата...

Без влакна на јазикот, секогаш во центарот на вниманието, своја и уникатна.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Водителката Јелена Спенџарска повеќе од  15 години е во медиумскиот простор.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Многу скандали, јавни препукувања, суспендирања од нејзината матична ТВ-куќа, но и многу телевизиско искуство и напорна работа стојат до нејзиното име.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Беровчканата години наназад ја гледаме како дел од Утринската програма на Канал-5 телевизија.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Иако летото го искористи за шетање и три месеци беше на неплатен одмор, од септември таа повторно се врати  на нејзината прва љубов – Телевизијата.

фото инстаграм/Јелена Спенџарска

Освен телевизиската работа, Јелена е доста активна и многу популарна и на социјалните мрежи.

Нема дел од денот кој не го споделува со своите следбеници на Инстаграм.

Фото/Принтскрин

Периодов Спенџарска во многу наврати споделува фотографии и моменти со своето момче кое живее во Слун, соседна Грција.

Фото/Принтскрин

Водителката не го покажуваше момчето во јавноста, но сепак реши токму на Католичкиот Божиќ да ги изненади своите фанови и да објави фотографија со саканиот.

Фото/Принтскрин

,,Нашиот прв заеднички Божиќ’’ – Конечно , напиша Јелена под фотографиите.

Фото/Принтскрин

Во своето последно интервју за Црнобело Спенџарска открива повеќе за љубовта со саканиот Лукас, за врската, за идните планови.

Фото/Принтскрин

Јелена за првпат споделува како се запознаеле со Лукас, и дека тоа навистина било љубов на прв поглед.

Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер, затоа што многу други работи ми се случуваа во животот, расчистував прво некои работи со себе, се посветив максимално на мојот внатрешен мир, одлучив да си ја оладам главата со многу патувања и сакав да дознаам која сум јас во различни делови од светот. Тоа е процес што воопшто не е едноставен и трае, открива Спенџарска за Црнобело.

  Фото/Принтскрин

За првпат водителката открива дека навистина љубовта на далечина не е лесна, но таа и саканиот се договориле едниот сепак да се пресели.

Фото/Принтскрин

– Среќа што не сме многу далеку, сепак е место за кое не ти треба авионски билет, па сега-засега функционираме нормално. Но, веќе некое време размислувавме на оваа тема, и двајцата донесовме одлука дека најдобро е јас да се преселам таму. Сепак е поголем град, повеќе можности, повисоки температури и јас сум спремна за нови предизвици, така што ете, нешто што првпат го објавувам јавно, во март се селам во Солун – открива водителката и раскажува што е она што најмногу го сака кај својот партнер, вели Спенџарска за Црнобело.

Фото/Принтскрин

За нејзините внуки Љубљана и Емона, Јелена кажува дека се нејзина најголема слабост и открива дека еден ден би сакала да има девојче.

Фото/Принтскрин

Но вели, дека таа и Лукас не се опседнати многу со прашањето за брак и деца и дека го немаат тој менталитет.

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close