UncategorizedКафе муабет

Таа е првото бебе родено по катастpoфата во Чернобил: Украинските власти се обидоа да ја сокријат- еве како изгледа денес и со што се занимава!

Во тоа време, новороденчето, кое сега веќе е возрасна девојка, ги наполни колумните на весниците во доцните 90-ти, и беше „симбол на ренесансата во Чернобил“..

Maријка е родена во 1999 година и е бебето кое украинските власти се обидоа да го сокријат. Тие се обиделе да го сокријат овој „срам“ и се однесуваа кон нив како „криминалци“ – затоа што Марија е родена во семејство на работници во Чернобил, кои живееле нелегално во зоната на евакуација од 30 километри.

Image: east2west news
Image: east2west news

Приказната за Чернобил продолжува да го интригира светот, а оваа тема повторно се вжешти во 2019 година, благодарение на екстремно популарната истоимена серија која се прикажуваше на HBO за нуклеарната катастрофа од 1986 година.

Публиката тврди дека ова достигнување е едно од „најдобрите на сите времиња“, но некои од интересните приказни за Чернобил не беа префрлени на малите екрани …

Image: east2west news

Имено, во серијата го нема ликот на Маријка, единственото дете родено во многу загадената зона во Чернобил по катастрофата.

Во тоа време, новороденчето, кое сега веќе е возрасна девојка, ги наполни колумните на весниците во доцните 90-ти, и беше „симбол на ренесансата во Чернобил“ за светот затоа што стана првото бебе родено и израснато во близина на спорниот реактор број 4 .

foto profimedia

Властите дури се обидоа да го принудат семејството да ја напушти зоната, но понудата тие ја одбија бидејќи не им беше понудено алтернативно сместување. Тие беа цел на остри критики и навреди, а огромен број луѓе ги обвинија за „свесно убиство на нивната ќерка“.

Медиумите пишуваа како оваа русокоса девојка ја бањаат во реката каде што рибата била заразена, и како пие млеко од крави што пасат на озрачени пасишта во Чернобил.

Нејзината мајка Лидија Совенко постојано ги негираше гласините за здравјето на нејзината ќерка.

“Ако луѓето мислат дека таа е мутант или има две глави, тие грешат. Таа е прекрасно дете и е апсолутно здрава, како што можете да видите”, рече Лидија во една прилика.

Но, по првичната хистерија, никој повеќе не напиша ниту еден збор за Маријка – до денес! Сега медиумите ги добија информациите и открија дека таа живее сосема нормален живот.

Image: east2west news

– Добро сум, работам – кратко прокоментира таа за „Сандеј експрес“ во 2019 година, додавајќи дека студира во Киев.

Image: east2west news

– Навистина не и е гајле да биде единствена затоа што е родена во Чернобил. Всушност, фактот дека таа е единственото дете родено овде по експлозијата и кое порасна таму е доста болно за неа. Таа на тоа гледа како на стигма – рекоа луѓе блиски до Маријка, додавајќи дека како дете ја молела нејзината мајка да не им кажува на луѓето од каде се.

Нејзината мајка, од друга страна, беше повеќе елоквентна од Маријка, па после сето тоа денес, на 66-годишна возраст, заклучи дека е горда на својата ќерка. Инаку, Лидија сè уште живее и работи во областа Чернобил, а нејзината ќерка има посебна дозвола да оди во таа област кога и да посака да ја посети.

Image: east2west news

„Луѓето тука веруваат дека Маријка е симбол на ренесансата во Чернобил, знак од Бога кој тие го толкуваат како благослов да живеат тука и дека животот полека се враќа во ова место.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close