Кафе муабет

Најраскошниот цвет кој носи среќа во љубовта – неговото височество Божур!

Неговиот опивачки сладок мирис и големите, прекрасни кружни пупки полни со ливчиња нанижани во слоеви, даваат нота на софистицираност на секој ентериер...

Неговото височество божур е вистински избор доколку сакате во домот да внесете свежина, елеганција, луксуз.

Божурите доживуваат ренесанса на популарност – исто како каранфилите. Еден од најфотографираните букети на социјалните мрежи кој го краси секој стилски украсен ентериер е совршен мирис на летото. Иако цветањето на божур е во полн ек, никогаш не е доцна (или премногу рано) да се подготвите за новата сезона на садење за уште повеќе да уживате во прекрасните цвеќиња.

Неговиот опивачки сладок мирис и големите, прекрасни кружни пупки полни со ливчиња нанижани во слоеви, даваат нота на софистицираност на секој ентериер.

Божурите цветаат во мај и јуни, а откако ќе се соберат, може да траат приближно 5 дена во вазна. Колку почесто имаат свежа вода, толку подолго ќе траат. Треба да ги купувате додека се уште се во пупки, но кога веќе добиле боја.

Во продолжение ви откриваме неколку интересни факти за Божурот:

1. Божурот зрачи со женственост и нежност. Може да се најде во деликатни розови, бели, жолти и вински бои. Марко Поло ги опиша како рози со структура на зелка, што е прилично точен опис бидејќи десетици нежни ливчиња се отвораат во еден од најубавот цвет што може да се замисли.

2. Овој неверојатно фотогеничен цвет потекнува од Азија, од каде е донесен во европските и американските градини во друштво на калинка, камелија, хризантема, азалеа и магнолија. Токму поради нивниот раскош и импозантната големина на цвеќе, со нетрпение ја очекуваме нивната сезона за да можеме барем накратко да уживаме во опиеноста на нивниот мирис и изглед во нашите домови.

3. Со векови, Кинезите го опишувале божурот во секоја форма на уметност како симбол на мирот, стабилноста и здравјето, а уште од 7 век овие цветови биле познати како носители на среќа.

4. Друго кинеско верување го опишува божурот како цвет кој позитивно влијае на хармоничниот соживот на жена и маж. Цветот на љубовта, восхитот и женственоста. Белите цветови ги симболизираат девојчињата и се сметаат за симбол на нивните мисли, но и на нивната убавина.

5. Покрај тоа што мириса опојно и изгледа прекрасно, божурот има и лековити својства. Наводно позитивно влијае на нервниот систем, ја подобрува меморијата, го намалува холестеролот и позитивно влијае на функцијата на црниот дроб.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close