Кафе муабет
СТОЛЕ СТОИЛОВ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ – На ракометарот му се роди син
Ракометарот доби второ синче...
Тој е еден од најдобрите ракометари во Македонија кој настапува за Ракометниот клуб Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото,а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
Сунчица и Климе Стоилови се родителите на Столе, кои гордо го бодрат својот син на секој негов натпревар.
Тие се едно од најгласните навивачи во публиката за време на натпреварите, и скоро никогаш не пропуштале ракометен натпревар во текот на изминатите години, откако нивниот син започнал професионално да се занимава со ракомет.
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
Најпосакуваниот ерген одлучи да стапне на лудиот камен. Тој во интимна атмосфера во еден скопски ресторан, стапи во брак со својата избраничка Деница Огненоска со која претходно беше 1 година во врска.
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
По некое време Столе ја соопшти прекрасната вест. Во неговиот дом имаше огромна причина за славење. Капитенот на Вардар стана татко!
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
Деница на свет донесе машко дете, за кое парот се одлучи да се вика Бојан.
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
Неодамна, Стоилов стана татко по втор пат. Имено, неговата сопруга Деница роди уште едно здраво машко дете.
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
Информацијата ја споделија од ракометниот клуб ,,Вардар’’.
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов
Фото:Фејсбук/Столе Стоилов