Кафе муабет

САМО СО ТЕБЕ СМЕ ПОСРЕЌНИ И ПОСИЛНИ – Пејачката Елена Ристеска ЕМОТИВНО И’ ЧЕСТИТА РОДЕНДЕН НА МАЈКА СИ

Елена Ристеска и' честиташе роденден на мајка си...

 

Како дел од музичкото шоу М2 пејачката Елена Ристеска успеа да изгради кариера и денес е едно од најпознатите музички имиња во земјава.

фото инстаграм/Елена Ристевска

Неодамна, на социјалните мрежи пејачката емотивно се потсети на девојчето пред 20 години. Имено, таа објави фотографии од почетокот на нејзината музичка кариера под кои напиша:нц веднаш стана голем хит во Македонија.

фото инстаграм/Елена Ристевска

 

На овој ден, или точно пред 20 години откако ,,девојчето со чорапчињата’’ победи на аудицијата ‘’М2 продукција, основана од Иво Јанкоски и Дарко Димитров.

На кои и денес сум им благодарна за шансата која ми ја дадоа да започнам своја музичка кариера и да може публиката да ме чуе и запознае. Од 2000 кандидати успеав да влезам во 100-те финалисти пеејќи песна од мојата другарка Каролина Гочева’’, емотивно се присети пејачката.

фото инстаграм/Елена Ристевска

 

,,Паметам и ден денес дека моите не знаеја дека сум пријавена  на некаква аудиција, единствено сестра ми која ми е и ден денес најголема поддршка. Кога дознаа дека сум влегла во 100те полуфиналисти татко ми ми рече: ,,Елена, тој свет е подмолен и се’ е наместено, немој да се разочараш. Јас му одговорив: ,,Тато, само сакам да си докажам на себе дека можам, не ми е важно ништо повеќе’’, се потсети тогаш Елена.

фото инстаграм/Елена Ристевска

Деновиве, во домот на пејачката повторно се славаше.

Имено, Елена емотивно и’ го честита роденденот на својата мајка. 

Таа објави неколку фотографии на Фејсбук под кои напиша:

,,Мајка. Најсреќен роденден, уште многу години да си покрај нас, бидејќи само со тебе сме посилни и посреќни’’, напиша пејачката.

Инаку, Елена на македонската музичка сцена успешно опстојува долги години и може да се пофали со многу богата кариера.

Може да се каже дека најголемиот успех во нејзината музичка кариера е победата на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“ во 2006 година кога ја претставуваше Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција.

фото инстаграм/Елена Ристевска
фото инстаграм/Елена Ристевска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close