Кафе муабет

Хаската која стана вирален хит: Спаси седум мали напуштени мачиња и се грижи за нив како мајка!

Банер е официјално медицинско куче и е обучена да и помога на нејзината сопственичка...

Сибирските хаски важат за кучиња кои се пример за однесување. За нив се вели дека тие подобро знаат да завиваат отколку да лаат.

Хиперактивноста е особено актуелна кај овој вид на кучиња кои обожажаат да трчаат, чувствителни се, но и независни. На листата за интелигенција на кучиња на Стенли Коре, сибирските хаски се наоѓаат на 45то место.

Хаските се многу интелигенти. Многу дресери настојуваат да ги одржуваат зафатени давајќи им нови активности. Хаските се огромни набљудувачи на акциите на луѓето, па честопати ги повторуваат домашните активности како гасење светло и отворање на врати со нивните заби.

Дека се особено интелегентни и чувствителни покажа и женката хаска, по име Банер која спасила седум мачиња што ги нашла оставени во шума во американскиот град Менло, пренесува PetFace.

Имено, Банер е официјално медицинско куче и е обучена да и помога на нејзината сопственичка која страда од посттрауматско стресно нарушување и силна вознемиреност.

Со нејзината сопственичка Витни, таа е од моментот кога беше мало кученце и и помага во моменти кога ќе се појават напади на вознемиреност така што ќе ја смират и ќе ја изнесат од толпата или ситуацијата што го предизвикува нападот.

Витни станала свесна дека нешто не е во ред кога Банер започнала да се однесува вознемирено и да го влече нејзиниот фустан за да ја однесе на некое место како што тоа го прави кога и помага. Ја следеше сè до блиската шума, каде ја виде како кружи околу картонска кутија во која имало 7 скоро родени мачиња.


Кога ги однела мачињата дома, Витни се изненадила кога видела дека Банер одбива да ги напушти. Ги душкаше, лижеше и чистеше цело време. На крајот ги зема покрај себе и спиеше заедно со новите посвоени деца.

Витни е убедена дека лицето кое ги остави мачињата во шумата не сакаше никој да ги најде. Среќна е што, благодарение на нејзиното храбро куче, ќе закрепнат и кога ќе дојде време, ќе го најдат своето место во дом каде ќе добијат љубов.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close