Кафе муабет

Слоба го прашаа за прељубата со Луна Џогани- неговата реакција ги шокираше сите!

Пејачот избегнува да зборува за неверството...

Пејачот Слоба Радановиќ пред неколку дена се појави на снимањето на новогодишната програма на телевизија Пинк, а потоа сосема неочекувано збесна и се закани дека ќе го прекине интервјуто.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Имено фолкерот Слоба го изнервирало прашањето поврзано со неговото неверство во Задруга.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Тој ја изневери својата тогашна сопруга Кија Коцкар со Луна Џогани.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

„Ако некој ме праша нешто повеќе за Задруга, ќе го прекинам интервјуто. Сите видовте што се случи, не сакам да се навраќам на тоа. Ова се некои посветли теми сега и ако некој друг ме праша за Задруга, ќе го прекинам интервјуто“, рече пејачот а потоа објасни зошто не сака да ги спомне тие работи:

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

„Затоа што помина! Добро, прашајте ме за реалното шоу што се случува денес, но тоа што беше пред четири години, беше и не се враќам на тоа. Не можам да ви замерам, но можам да не одговорам на некое прашање, а ако веќе ме гледате како избегнувам тема, не инсистирајте“, заклучи пејачот.

ФОТО: Слоба Радановиќ / Истаграм

Да потсетиме, пејачот пред четири години јавно пред камерите на реалното шоу Задруга, ја изневерил тогашната сопруга Кристина Кија Коцкар со Луна Џогани. Сепак, Слоба, кој денес ужива во долга врска со својата свршеница Јелена, очигледно сака да го заборави тој дел од својот живот.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Кија Коцкар
Фото Инстаграм/Кија Коцкар

За потсетување, неодамна Кија Коцкар реши јавно да ја открие и вистинската причина за разделбата на Луна и Слоба. Имено таа посочи дека фолкерот ја оставил Луна поради кариерата.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Ова е прв пат да го откријам ова. Тоа лично ми го кажа неговиот соработник. Кога ја напушти „Задруга“ за да снима песни, сакаше еден менаџер да му ја води кариерата. Тие разговараа но човекот рече дека ќе го направи тоа, но под услов повеќе да не биде со Луна. Во тој момент сликата за неа во надворешниот свет била многу лоша, а негативните работи би му наштетиле на работата и би биле лоши за неговиот имиџ. Тој веднаш се согласи да ја остави. За многу работи молчам, за ова повеќе нема да молчам. И Луна заслужува да го знае ова – изјавила Кристина.

Фото Инстаграм/Кија Коцкар
Фото Инстаграм/Кија Коцкар
Фото Инстаграм/Луна Џогани

-Тогаш не стануваше збор за никаква љубов кон мене, како што се шпекулираше, туку само за негова лична корист. Кога го слушнав тоа, бев во шок. Кај него се се врти околу материјалното, а не кон нас две. Дознав за тоа дури по три или четири години. Дури и јас во тој момент помислив дека ме сака и се покајав. Истото го мислеше и Луна. Многу е грдо тоа што мажот веднаш се согласи да ја остави за кариера. Песната „Сањам“, која Анџелина ми ја напиша, гласи „Ме продаваш, откриваш, колку чини славата“. Сега се е јасно – рекла пејачката и открила дека морала да го каже ова бидејќи е „време сите да ја знаат вистината“.

Фото Инстаграм/Кија Коцкар
фото инстаграм/Кија Коцкар

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close