Кафе муабет

МАГИЧНО: МАЈА ШУПУТ ОБЈАВИ ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД СИНОТ- Му посвети емотивна порака!

Пејачката со нетрпение го чекаше својот наследник...

Во петтата деценија од животот се породи познатата пејачка Маја Шупут Татаринов (41).

фото инстаграм
фото инстаграм

Маја својот првороден син го донесе на свет во средата попладне на Клиниката за женски болести и акушерство во Петрова, а откако се породи таа за прв пат објави и фотографија на социјалните мрежи.

фото инстаграм

– Овој мал стисок со неговата рака од првата секунда е најмагичниот момент што ќе го паметам и ќе го чувам засекогаш. Мојата најголема љубов, мојот живот, моето сè – напиша Маја, а под објавената фотографија на која се гледа мала рака, следеа бројни честитки.

фото инстаграм

Терминот за породување на Маја требаше да биде на крајот на март, но Маја се породи малку порано со царски рез.

Таа роди здраво машко дете со тежина од 2900 грама. Гордата мајка и нејзиниот сопруг, претприемачот Ненад Татаринов (37), сè уште не откриваат како ќе се вика нивното првородено дете.

фото инстаграм

Инаку Маја неколку месеци пред породувањето имаше подготвено буквално се за овој чин. Имено таа се пофали дека купила премногу облека за детето што дури и да го пресоблекува по шест пати во денот нема да успее да износи се.

фото инстаграм

– Колку што купивме, мислам дека слободно можев веднаш да родам тројка. Имаме сè! И кога кажувам сè, велам затоа што сè е подготвено, до последно. Имам подготвени работи за времето кога тој веќе ќе седи во хранилка, што е, се разбира, веќе дома. Имаме и седиште за во автомобил, сите можни колички. Што се однесува до облека, купив толку многу што и ако му менувам облека шест пати на ден, нема да може да износи се. Знам дека претерав, сето тоа ми е јасно, но не можам да си помогнам затоа што сето тоа е премногу слатко за мене. На крајот на краиштата, ова е прв и последен пат во мојот живот да станам мајка и тоа е тоа – вели Маја, која не планира да има повеќе деца.

фото инстаграм

Во своето последно интервју пред породувањето, кое го даде за Јутарњи, Маја призна дека се здебелила 10 килограми за време на бременоста, а воопшто не се плашела од породување.

фото иснтаграм
foto instagram

– Јас сум од оние луѓе кои сакаат она што навистина го сакаат да го добијат веднаш, истиот ден евентуално утре. Никогаш до сега не сум очекувала нешто што навистина сакам во мојот живот толку долго, дури девет месеци. Ова никогаш не ми се случило во животот. Затоа, бременоста ми се чини страшно долг воен рок- рече Маја за „Јутарњи лист“.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Веќе сум доволно возрасна, се случија некои работи во мојот живот кои секако се потешки од породувањето. Покрај тоа, жените се породуваат со векови, па некако не верувам дека ова треба да биде најголемата траума во мојот живот – вели Маја. Имајќи предвид дека светот е зафатен од вирусот корона, Маја тогаш најави дека нема да биде придружувана од нејзиниот сопруг Ненад Татаринов во салата за породување, но тие имаат и добро решение за тоа – видео повик.

фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close