Кафе муабет

СЕ РОДИ НОВ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ – СО МУЗИКА И МЕКИЦИ СЕ СЛАВЕШЕ ЗА НАСЛЕДНИКОТ…

Со музика и мекици се славеше за внукот...

Поранешниот претеседател и премиер на Македонија е роден на 12 октомври, 1962 во Саераево, Босна и Херцеговина.

Во 1963 неговото семејство се вратило да живее во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје.

Фото/Принтскрин

Во 1980 година се запишал на Електротехничкиот факултет во Скопје, отсек за информатичка технологија и автоматика. Факултетот го завршил во 1985 година.

Активната политичка кариера на Бранко Црвенковски започнала во 1990 година, кога станал член на Претседателството на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Фото/Принтскрин

 

За Претседател на државата е избран на 28 април, 2004 година.

За време на претседателскиот мандат на Црвенковски, Република Македонија станала земја-кандидат за прием во Европската унија. На функцијата Претседател на Македонија се задржал до 12 мај 2009 година.

Фото/Принтскрин

Поранешниот лидер на СДСМ, претседател и премиер на Република Македонија Бранко Црвенковски, стана дедо, откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на син кој, според најавите од семејството би требало да биде крстен по дедото – Бранко.

Фото/Принтскрин

Тие вчера правеа мекици за внукот во познат скопски ресторан, а извори блиски до Репортер споделија дека внукот најверојатно ќе го носи името на дедо Бранко.

Фото/Принтскрин

Ова е прво дете на Љупчо Црвенковски, син на поранешниот претседател и премиер на Македонија. Поранешниот претседател на СДСМ со сопругата Јасна има две деца – синот Љупчо и ќерката Марија.

Фото/Принтскрин

Поренешниот лидер и политичар е ретко активен изминатиов период како во јавноста така и на социјалните  мрежи.

Фото/Принтскрин

Многу малку се знае за неговите деца. Љупчо дипломирал на Економскиот факултет на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Не користи социјални мрежи и скоро никогаш го нема во јавноста.

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close