Кафе муабетНовости

“МОЈАТА НАЈУБАВА ТРУДНИЦА”- Момчето на Цеца ги изненади сите со оваа објава

Јавноста во неизвесност...

Богдан Срејовиќ се најде во центарот на вниманието на медиумите кога влезе во емотивна врска со пејачката Цеца Ражнатовиќ.

Првата заедничка фотографија на Инстаграм ја објави Цеца пред неколку дена, која предизвика бура од лајкови и коментари:

Бидејќи сега се следи секој негов чекор, многумина се интересираат и за оваа негова објава.

Имено, тој пред неколку часа и го честиташе роденденот на „најубавата трудница“, а многумина се прашуваат која е девојката која позира со него на сликата.

Секако веста за новата љубов на Цеца предизвика бура од коментари, па  последните неколку месеци и никој не остана рамнодушен на оваа вест.

Имено, врската помеѓу пејачката и младиот менаџер ја коментираше и Кија Коцкар, која и самата истакна дека сака помлади мажи.

– На момчето на Цеца ништо не му недостасува. Не е важно што тој е помлад од неа, па и јас сакам пилешко. И кога ќе дојдам на возраст од Цеца, ќе барам само помлади момци од мене. Знаете како велат: „Помладо е секогаш послатко“ – признала Кија и додаде дека Ражнатовиќ не треба да обрнува внимание на негативните коментари поради разликата во возраста во однос на нејзиниот партнер.

– Тие се убава двојка и најважно е што се среќни. Она што другите го кажуваат не треба да ги интересира! Се надевам дека ги игнорираат ваквите глупости.

Кија не го познава Богдан лично, но верува дека тој е добро момче, бидејќи тие имаат заеднички пријатели.

– Тој се дружи со многу мои добри пријатели, скоро сите беа излезени заедно. Ако поминуваат време со него, тогаш тоа значи дека тој е квалитетно момче. Го познавам моето друштво и знам дека не би се дружеле сосекого – изјави пејачката за Хит.

Богдан покажа кои се двете најважни жени во неговиот живот!

 

Откако им заврши луксузниот одмор во Копаоник, Цеца и Богдан ја продолжија својата авантура во едно етно село.

Вљубениот пар на планината беа заедно со ќерката на Богдан, Искра каде сите заедно уживаа во зимската магија.

Потоа Цеца Ражнатовиќ и нејзиното момче Богдан Срејовиќ заминаа на следната дестинација, од каде Цеца сподели неколку фотографии.

Интересно е тоа што ова беше прв пат познатата пејачка да сподели заеднички фотографии со Богдан.

Да потсетиме, Цеца и Богдан врската ја започнаа некаде при крај на 2020 година, а од јавноста не кријат колку се среќни и заљубени. Како што пренесуваат медиумите, се запознале на роденден на една пријателка на Цеца, па по неколку излегувања запловиле во романтична врска.

Тие на почетокот од јавноста криеја дека се заедно, но од Нова година почнаа да се појавуваат во јавноста.

Богдан неодамна на сојот профилна Инстаграм покажа кои се двете најважни личности во неговиот живот.

Имено, тој на својот профил објави фотографија на која е ќерката Искра со неговата мајка, па напиша емотивна порака.

„Едната ми го подари животот, а другата ми ја даде смислата“, напиша тој во описот на фотографијата која и се допадна и на Цеца.

Инаку, Богдан Срејовиќ по потекло е од Крагуевац, а неговите родители Милош и Мирјана се разведени. Неговата мајка Мирјана Кокиќ е активна на социјалните мрежи, каде често објавува фотографии со синот, но и со внуката која што Богдан ја доби од бракот со Зорана Тасовац, сегашната девојка на Саша Ковачевиќ. Неговиот татко Милош, е поранешен спортист кој и денес го држи рекордот во атлетската дисциплина троскок. Во 1978 година беше шампион во Европа, но заради повреда на 25 години ја прекинува кариерата.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close