Кафе муабет

Кога е вистинското време на децата да им ја кажете вистината за Дедо Мраз?

Доколку поставуваат прашања сакаат д аја знаат вистината...

Новогодишните празници секогаш носат нови возбудливи моменти, нови желби и надеж за поубава година. Но за децата тоа значи само едно, доаѓање на Дедо Мраз кој им носи пакетчиња бидејќи биле послушни целата година.

фото архива
фото архива

Но кога детето ќе почне да поставува прашања од типот дали постои Дедо Мраз, тие сакаат да ја знаат вистината. И нема да им наштетите ако сте искрени, но сепак тоа не значи дека треба веднаш да им ја кажете целата приказна.

фото архива

Не постои „волшебно вистинско време“ кога децата откриваат дека Дедо Мраз не постои. Наместо тоа, важно е да се обрне внимание на малите деца, вели Ејми Морин, психотерапевт и ментален тренер , и додава дека родителите често знаат да ја прашаат на која возраст е најдобро на децата да им ја кажуваат вистината за Дедо Мраз.

– Не постои вистинско или погрешно време да им се каже на децата вистината. Наместо тоа, обрнете внимание на нивното знаење за светот. Вообичаено, на пет и седум години децата почнуваат да размислуваат малку покритички, а потоа во главата почнуваат да им се вовлекуваат идеи дека летање на ирваси и човек што влегува низ оџак се нереални – објаснила таа.

фото илустрација

Во овој период, тие ќе почнат да поставуваат сомнителни прашања, како на пример: ‘Дали навистина постои Дедо Мраз?’ или ‘Како може ирвасите да летаат на небото?’ или дури „Како може Дедо Мраз да го прелета целиот свет во една ноќ?“.

фото архива

– Кога детето ќе почне да поставува такви прашања, вашиот прв нагон би можел да биде да се обидете да го убедите детето дека постои затоа што можеби не сакате да му го расипете Божиќ. Но, ако децата поставуваат прашања, тие сакаат да ја знаат вистината. И нема да им наштетите ако сте искрени. Тоа не значи дека треба веднаш да им ја кажете целата приказна. Наместо тоа, можете да му поставите на вашето дете неколку прашања, како на пример: ‘Зошто го прашуваш ова?’ или „Што мислиш за тоа?“. Во ред е да им дозволиме на децата сами да донесуваат заклучоци – вели таа.

фото архива

Таа нагласува дека ако детето инсистира на одговор, најдобро е да му ја каже вистината – кој всушност ги носи сите овие подароци под борот.

фото архива

Исто така, ги советува децата уште од мали да учат за вистинските вредности на Божиќ, а не да ги држат во верувањето дека сè се врти околу дарувањето и брадестиот човек што се шета во црвено одело. Така, еден ден, кога ќе сфатат дека овој човек го нема, сепак ќе имаат празничен дух и вредности многу поголеми од материјалните работи и бајките – важноста на семејството и љубовта меѓу нив, важноста на мирот и помошта на сиромашните, сеќавајќи се дека овој празник постои од религиозни причини …

фото архива

– Ако мислите дека можете да направите одличен празник без оглед на тоа што верувате во Дедо Мраз, има големи шанси вашиот божиќен дух да му помогне на вашето дете да ужива во Божиќ – без разлика дали ќе започнете нова традиција која вклучува давање на сиромашните или ќе му дозволите на вашето дете да купува тајни подароци за другите членови на семејството – заклучила таа, пренесува Business Insider.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close