Кафе муабет

“Се коцкам и уживам во тоа”: Александра Пријовиќ ја шокираше јавноста- пејачката откри кога почнала со овој порок…

Не се плаши дека ќе стане зависна...

Александра Пријовиќ важи за една од најпопуларните и најбараните млади пејачки на естрадата а публиката едноставно ја обожава.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Таа откри дека новата година ќе ја помине работно на плоштадот во Бања Лука, додека за Стара нова година ќе биде во Белград.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Александра својата кариера не ја градеше со скандали но медиумите некако секогаш ја ставаат во центарот на вниманието особено поради бракот со Филип Живојиновиќ.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Неодамна пејачката зборуваше за пороците алкохол, коцкање…

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Секој од нас го имал своето најлудо пијанство, па така и јас. Пивото ме тераше да повраќам, но кога бев многу помлада. Јас навистина не сум алкохоличар. Почнав многу рано со овој бизнис, но не сум тип кој сака да излегува, никогаш не сум била заинтересирана за излегување и музика. Секако, понекогаш ми се допаѓа, па излегувањето секогаш го заменувам со прослави, каде што само се опуштам. Сакам да пијам, односно да потпивнувам. Сакам да пијам и пиво и ракија, но умерено. Не пијам за да бидам порасположена, но сакам да пијам – вели пејачката.

фото инстаграм/Александра Пријовиќ

Таа откри и како ќе ги помине празниците.

фото инстаграм/ Александра Пријовиќ

-Кога бев бремена бев со Филип дома. Но, јас сум навикната на тоа. Пеам од 14-15 години, сето тоа ми стана нормално, но секогаш сум дома на Бадник и Божиќ. Тешка ми е оваа разделба, откако се преселив во Белград, бидејќи навикната сум секогаш да бидам со семејството на празници, но навиката е чудо. Вистина е дека сега ми е потешко кога имам дете и морам да го оставам, но Филип е секогаш тука да биде со него кога јас не сум – изјавила Пријовиќ.

фото инстаграм/ Александра Пријовиќ

– Веќе украсив се, вклучително и елката! Аки едвај чекаше, а деновиве се договоривме да му напишеме писмо на Дедо Мраз. Кога ќе спомнам друго бебе, тој вели дека сака брат, а не сестра. Не планирав ни кога дојде тој, па мислам дека така ќе биде и за другото, ќе биде како што треба да биде. Би сакала да имам девојче, но тоа не ми е толку важно. Сигурна сум дека нема да чекам долго. И близнаци може зошто да не, низ смеа рече Пријовиќ.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Пејачката за прв пат јавно проговори и за коцкањето и кога прв пат влегла во казино. Посочи дека имала среќа и дека имала добивка.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Да ви кажам искрено, отидов во Лас Вегас за прв пат во казино и можам да кажам дека многу ми се допадна. Кога дојдов во Белград, отидов неколку пати и тогаш од некои новинари слушнав дека се коцкам. Мене ми беше интересно, но не можам да го наречам тоа коцкање затоа што сигурно секој од нас имал можност на ваков начин да си ја проба среќата. Имаше добивки, не можам да се пожалам, имав среќа! Имаше и помали добивки, не сум голем коцкар, да вложувам големи суми – призна Пријовиќ и посочи дека последен пат во казино влегла пред повеќе од една година.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Последен пат бев можеби пред една година, овде во Белград. Не се плашам дека ќе се навлечам едноставно не сум таков човек, секогаш имам граница во се и се трудам во ништо да не претерувам. Ако знам дека нешто не е добро за мене, секогаш ќе го прекинам. Па сега се обидувам да се откажам од цигарите, бидејќи знам дека ми пречат. Се случуваше да не запалам осум месеци, а потоа се случи да отидам на настап, да се напијам пиво и барам цигара – открила Пријовиќ за Република.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close