Кафе муабет

Посвоеното дете на Брена и Боба главна тема во медиумите: Погледнете како изгледа преслаткото момченце (ФОТО)!

Пејачката негираше дека го посвоиле Џони....

Веќе неколку години се шушка дека наводно Лепа Брена и Боба Живојиновиќ посвоиле детенце од Филипинте.

фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена

Ваквите гласини почнаа да се шират во 2009 година а сега повторно се актуелизираа по што Брена реши да стави крај еднаш засекогаш.

Биографијата на музичката ѕвезда, чија слава не згаснува, изобилува со успеси и признанија, но и со интересни настани, средби, анегдоти, па дури и епизоди од кои не би се срамел ниту Холивуд.

фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена

Брена и Боба Живојиновиќ наводно сакале да го следат  примерот на Анџелина Џоли и Бред Пит па решиле да посвојат тригодишно момче од Филипините. Она што на почетокот изгледаше како озборување, беше потврдено со видео снимка на која малото момче и се обраќа на пејачката со „мама“.

фото инстаграм/Лепа Брена

Некои медиуми тврдеа дека се работи за добро осмислен маркетиншки трик, па стигна појаснување од главните актери.

фото инстаграм/Лепа Брена
фото инстаграм/Лепа Брена

– Родителите на Џони, Делија и Виктор, Боба и јас ги запознавме на прием во нашата дипломатска мисија во Манила. По краток разговор, сфатив дека сме на иста бранова должина, па им понудив да дојдат во Белград и да ни помогнат да го одржуваме домаќинството. Бидејќи Џони беше бебе, Делија и Виктор се колебаа да ја прифатат нашата покана. Сепак, набрзо донеле позитивна одлука. Се преселиле во Србија, редовно се чекирале и сега живеат вонашата куќа на Бежанијска Коса – објасни Брена и додаде:

Фото: Hellomagazin.rs

-Кога се појави веста, бев изненадена. Имав бројни снимки тие денови и не сакав да давам изјави или да ја узурпирам приватноста на родителите на Џони. Не сакаат да се експонираат во медиумите, ниту пак мислат дека нивниот син треба да се појавува во јавноста, а јас како нивен работодавец апсолутно го почитувам тоа. Родителите на момчето се живи и здрави, а за посвојување не се зборува. Но, тоа не ме спречува да го гледам Џони како дел од моето семејство. Инаку, родителите на Џони го запишале синот во градинка веднаш по неговото пристигнување во Белград, за да можат да се посветат на обврските во домот на Живојиновиќ. Момчето одлично се вклопи во новата средина и на три години веќе зборуваше три јазици: филипински, англиски и српски – изјавила пејачката.

Фото: Hellomagazin.rs

– Тој е многу приврзан за мене и искрено го засакав. Со нетрпение чекам секој пат кога ќе го носам во градинка наместо неговите родители. Ми причинува големо задоволство. На пат од дома до градинка шетаме и разговараме, а кога ќе го оставам на воспитувачките, тој весело ми мафта и ми вели: „Чао, мамо“ или „Здраво, Брена“ – рече фолк ѕвездата, нагласувајќи дека и покрај емоциите што ги има за момчето, не ни помислувала на посвојување.

Фото: Hellomagazin.rs

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close