Кафе муабет
Сале Тропико реши да стави крај на молкот- се огласи по веста за разводот, многумина шокирани од неговата објава!
По 10 години ставија крај на бракот...
Веста за разводот на Јована Пајиќ и Александар Цветковиќ Сале ја шокираше јавноста.
Имено познатата двојка важеше за една од најубавите парови во регионот, но сега и двајцата ги потврдија наводите дека ставаат крај на бракот со напомена дека ќе останат во добри односи пред се поради децата.
Сале ја прекина тишината со објава на својот Инстаграм профил, која изненади многумина. Имено, тој погледнал од својот прозорец, а акцентот го ставил на виножитото за кое вели дека го гледа првпат по неколку години.
„За прв пат, не знам после колку години во станот, гледам виножито“, напиша Сале.
Инаку, пејачката Јована Пајиќ потврди дека пукна тиквата и додаде дека таа и Сале останале во добри односи.
– Точно е дека јас и Саша донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Ќе останеме пријатели и, како и досега, ќе бидеме посветени на заедничко одгледување на децата. Разводот е во тек и поради мирното воспитување на нашите девојчиња барам од медиумите да ни ја овозможат потребната приватност – изјави Пајиќ.
Марија Шерифовиќ е причината за развод?
По цели десет години заеднички живот пејачите Сале и Јована одлучија да стават точка на нивниот брак, а како што пренесуваат медиумите од соседството, нивниот однос веќе подолго време бил на „лабави нозе“.
Јована и Сале се заколнаа на вечна љубов во 2011 година, а нивната свадба беше прикажана и во една емисија.
Овие информации ги потврдија и пејачите, кои официјално соопштија дека решиле да поднесат документи за развод.
Како што пренесуваат медиумите, Јована уште пред месец дена заедно со децата го напуштила станот во кој живеела со Саша.
Како што наведе извор близок до познатиот пар, во последните две-три години тие многу се оддалечиле еден од друг. Наводно нивната љубов изгаснала и веќе долго време не биле пар како на почетокот на нивната врска.
Многу ретко и во јавноста се појавуваа заедно, а пред месец дека пејачката се иселила од нивниот стан, но останале во контакт.
Како што објавија некои српски медиуми, на Сале дружбата на неговата сопруга со членот на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ почнало да му пречи, но бидејќи не можел да влијае на тоа, на крајот одлучиле и двајцата да се разделат. Наводно токму заради Пајиќ и Џејла Рамовиќ не дошла на роденденот на Шерифовиќ, а доказ за нивната блискост е и тоа што се поддржуваат и во сите свои деловни, но и хуманитарни активности. За тоа сведочат и бројни заеднички снимки кои и двете ги имаат објавувано на социјалните мрежи.
Инаку, Марија и Јована се блиски пријателки неколку години, и од тогаш многу често се дружат и времето го минуваат заедно.
Но како што изјави Сале, кој исто така потврди дека се разведува, нема место за никаков сензационалистички пристап, бидејќи целата оваа приказна и одлука е само нивна, како што бил и нивниот брак од самиот почеток.