Кафе муабет

САКАШЕ ДА БИДЕ КАКО КЕН, направи над 200 операции А ПОТОА СТАНА ЖЕНА- ?! „Восочните кукли изгледаат поприродно од неа“

Родриго Алвеш кој сега се преименува во Џесика Алвеш, некогаш беше „живиот Кен“, а сега, како што тврди „Барби во изработка“, успеа повторно да ги шокира луѓето со своjата исповед.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Имено, таа беше фотографирана од папараците на аеродром во многу предизвикувачко издание, меѓутоа се паѓа во вода кога погледите ќе застанат на нејзиното деформирано лице.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Алвеш во минатото беше позната по бројните операции. Во еден период беше во животна опасност но ниту тогаш не се откажа од операциите а пред неколку месеци повторно го затегна лицето за да изгледа помладо.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Сега конечно можете да се видат резултатите од целиот процес, кои воопшто не се пријатни, но изгледа дека Џесика е повеќе од задоволна.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

За жал, таа долго време не дише низ нос, ниту пак може целосно да ги затвори очите, а често добива коментари дека дури и „восочните кукли изгледаат поприродно од неа“.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Исто така, по операцијата во Турција остана со само 20 проценти од стомакот, но и покрај тоа ги доби резултатите што ги сака, а телото и изгледа повеќе од непропорционално, што беше забележано во неколку наврати, особено кога, ќе облече супер тесни парчиња.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Џесика се враќала од одмор во родниот Бразил во тесен, откопчан комбинезон, со целосна шминка, а нејзиниот изглед привлекувал внимание на секој чекор. Во еден момент таа се прегрнуваше со поединци кои ја препознаваа, а потоа гордо правеше селфи пред сите.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Инаку, се шпекулира дека Алвеш заминала во Бразил да се распраша за трансплантацијата на матка, која и самата ја спомна пред неколку месеци, за да стане првата транс жена на која успешно е извршена оваа процедура.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Нејзиното семејство остро се спротивставува, и се обидува да ја вразуми, сепак Џесика не се откажува иако неодамна по интервенциите имаше проблем со гангрена на одредени делови од телото.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

„Нејзината кожа е мувлосана на неколку места по операцијата“, рече пријател кој беше со неа во Азербејџан, каде што имаше уште едно дотерување и липосукција.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Родриго Алвеш, пред неколку месеци навести дека всушност цел живот се чувствувал као жена, и сега повторно го шокираше светот.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

„Се развив како личност и како човечко битие. Се родив како трансродна жена. Отсекогаш знаев дека сум жена, си играв со кукли и бев во контакт со својата женска страна. Потребно е да се сакате себеси. Сега би сакал да имам дете и да бидам со некој кој би ме прифатил онаков каков што сум“, рече тој и додаде:

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

“Треба да направам уште две три операции за да ја завршам својата трансформација. Подоцна, се колнам ќе престанам со пластичните операции“.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Тој сега после повеќе од 200 операции на телото и потрошени половина милион фунти, стана Барбика.
„Божја волја е да бидам жена. Се чувствувам дека сакал да ме искористи како орудие за да ги научи другите за транс личностите“, раскажа тој за странските медиуми.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш

„Потрошив илјадници фунти за да имам вештачки стомачни мускули, бицепски… но во кожата на маж се чувствував како промашување. Не ми беше судено да бидам машко“, истакна Џесика.

фото Инстаграм/Џесика Алвеш
фото Инстаграм/Џесика Алвеш

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close