Дом и семејство

Родителите треба многу да внимаваат на нив: Во овие хороскопски знаци се раѓаат најтврдоглавите деца

Бараат посебна грижа и посветеност...

Секое дете има различен карактер. Многумина сметаат дека тоа се наследува од родителите но големо влијание имаат и хороскопските знаци.

фото илустрација

Бик

Првата и основна карактеристика на детето под хороскопскиот знак Бик е тоа што не сака да го туркаат во нешто што не му се допаѓа. Овие деца можат многу лесно да покажат лутина, дури и поради најмалите работи, како што е облекувањето.

фото илустрација

Не им го наметнувајте премногу вашето мислење и ставови бидејќи секогаш ќе наидете на отпор. Колку се постари, толку ќе бидат понервозни ако некој ги вознемири, па затоа ќе бидат и поагресивни. Тие се желни за гушкања, убави зборови и приказни и сакаат да поминуваат време со други деца. Ако им е здодевно, можете да очекувате и да расфрлаат работи низ дома.

Фото Илустрацја

Јарец

Малите Јарци се прилично осамени и често имаат чувство на необјаснива вина. Тие се многу одговорни во однос на семејството, сестрата, братот и околината. Тие се многу сериозни и кога ќе се соочат со неуспех можат да страдаат, да имаат комплекси, затоа никогаш не дозволувајте да се соочат со проблеми кои се преголеми за нивната возраст.

фото илустрација

За да можат овие деца да им веруваат на другите, треба да почувствуваат дека им нудите безусловна љубов и нежност и дека тоа никогаш нема да биде доведено во прашање. Покажете им го тоа со гестови и постапки, за да почувствуваат дека можат да се потпрат на вас. Никогаш не ги уценувајте затоа што тоа ќе им се вреже длабоко во меморијата и подоцна ќе мислат дека љубовта се менува, се купува, продава и повторно се враќа.

фото илустрација

Лав

Овие деца се раѓаат со многу енергија и колку и да ги воздржувате тие се посилни и поактивни. Тие често знаат да вршат притисок врз другите деца. Пубертетот е особено критичен бидејќи токму тогаш овие деца стануваат вистински лидери и аутсајдери во животот.

Родителите треба да вложат многу труд за да го изведат детето Лав на вистинскиот пат. Не би било добро да се биде премногу строг бидејќи тој начин на воспитување може да биде контрапродуктивен, но пожелна е умерена доза на строгост.

Фото Илустрацја

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close