Кафе муабет

Прва фотографија по операцијата: Еве како изгледа Дарко Лазиќ, ќе мора да мирува, ги откажа сите настапи

Се чувствува добро...

Фолк пејачот Дарко Лазиќ пред неколку години имаше операција за намалување на желудникот, по што драстично ослабе.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Тој ослабе повеќе од 109 килограми, а сега реши да го затегне вишокот кожа на неговото тело.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко Лазиќ деновиве направи операција за затегнување на кожата и сега успешно закрепнува.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко во периодот што следи треба да одмора, а неговата избраничка Катарина одлично се грижи за него а тоа го покажа со фотографија која ја сподели на Инстаграм.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, таа го сликала Дарко во кревет додека му носи ручек, а заедно со тоа напишала:

фото принтскрин/Инстаграм

– Кажи ми дека жена ти те обожава без да ми кажеш дека жена ти те обожава – напишала Катарина и воедно покажала како изгледа пејачот по интервенцијата.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко е опериран, интервенцијата помина добро. Дарко се чувствува добро. Сега ќе има одмор и опоравување три недели, колку што трае паузата со настапите. По паузата продолжува со настапи и снимање песни и спотови за новиот албум кој ќе излезе наскоро, а сигурна сум дека неговите напори ќе се исплатат и дека луѓето кои сакаат да го слушаат ќе бидат воодушевени од новиот албум и секоја песна што ќе се најде на неа – рече Катарина за „Блиц“.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Инаку во медиумите неодамна се шпекулираше дека Дарко тајно се оженил со неговата партнерка Катарина.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Откако се појави веста дека фолкерот тајно се оженил на осми декември се огласија и неговите најблиски. Имено мајката Бранка истакна дека не знае ништо за венчавката и дека таа не била повикана, а истото го рече и неговиот брат кој посочи дека со Дарко се е можно, но дека тој не бил известен ниту повикан на венчавка.

фото принтскрин/Курир.рс

Пејачот неколку дена молчеше по оваа вест, па потоа проговори и откри дека нема ништо од тоа. Тој откри и дека живее со својата избраничка и дека моментално таа го издржува.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Каква црна тајна свадба? Кога ќе се оженам, од Војводина до Пирот. Ќе направам прослава која ќе трае три дена, со 1.000 гости. Ќе се пече прасе, ќе се пие домашна ракија… Ќе организирам голема свадба. Дај боже, следната година да се венчаме. Едвај чекам, бидејќи никогаш не сум бил посреќна. Конечно, до мене имам личност која ја сакам безусловно и која ме сака – изјави Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам на грбот на мојата девојка Ката! Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот – изјави Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Фолкерот признава дека нема проблем со тоа што се вселил во станот на фитнес инструкторката и што таа го издржува, бидејќи се познаваат 14 години.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам кај Ката во Нови Сад. Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот! Таа е и мој личен шофер, бидејќи немам дозвола и не можам да возам. Секирата ми падна во мед. Убаво е, за промена, да се живее на туѓ грб. Многу поранешни само ми земаа. Сега да видам и јас како е. Знам дека не ми веруваат, но навистина немам пари за недвижен имот. Сè уште собирам пари за да купам стан во Нови Сад. Ката е поврзана со тој град, па таму ќе се вдомиме – открил фолкерот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Освен што сакам да купам стан и да се оженам, би сакал јас и Ката да имаме бебе. Дај боже да имаме три деца. Немам време за патување, бидејќи имам многу настапи до крајот на годината. Не ни размислувам за одмор – рекол Дарко.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close