MAMAДом и семејство

Направете детска соба од бајките: Бидете креативни и креирајте простор од соништата за вашете дете

Во детската соба на вашето дете може да внесете забавни елементи и на тој начин да ја направите интересно место кое ја стимулира фантазијата, играта и креативноста. Доволно е спортско катче или аксесоар од соништата за просторот во кој детето го поминува своето време да стане вистинска оаза.

Еве неколку совети и предлози како да ја разубавите собата на своето дете:

СПОРТСКО КАТЧЕ

Ако вашето дете е активно во текот на целиот ден одлична работа е спортско катче. Можете да изберете еден или неколку додатоци, зависно од просторот. На децата им е интересно да се качуваат, лулаат и скокакаат. Задолжителни во тој случај се и душеци на подот.

ЅИД ЗА КАЧУВАЊЕ

Зазема помал простор од спротското катче и доволно е забавен. Идеално би било ако се заземе целиот ѕид или половина од ѕидот и ваквата детска соба ќе стане многу забавна.

ЅИДНА ТАБЛА

Оваа идеја е совршена за малите креативци кои можат да цртаат, пишуваат и бришат колку сакаат. Интересната форма на таблата дополнително го украсува ѕидот од собата но немојте да се ограничувате. Табли може да користите и наместо врати на плакарите, да додадете кругови и слично. Ослободете ја фантазијата во креирањето на ова катче.

КРЕВЕТ ОД БАЈКИТЕ

Кревет со посебна форма и дава дополнителен шарм на детската соба. На пример како куќичка е многу сладок, а пастелната боја е совршена и за момчиња и за девојчиња.

КАТЧЕ ЗА ЧИТАЊЕ

Делот со книгите одвоен со завеса од остатокот на просторот на детето ќе му обезбеди магично катче за читање. Наполнете го со перничиња за поголема удобност и уживање.

СЛАТКИ ДОДАТОЦИ

Наједноставен начин собата да биде позабавна и воедно поубава е да и додадете слатки декоративни елементи кои можат да послужат и за игра. Размислувајте во правец перничињата да бидат со различен облик и со весели ликови.

СКРИЕНО КАТЧЕ

Едно од омилените места за игра сигурно е скриеното катче. Ако детскиот кревет е поткренат можете долниот простор да го заградите со завеси или платно, да уфрлите перничиња, да го украсите и слично.

КАТЧЕ СО КОСТИМИ

Децата обожуваат да се пресоблекуваат и маскираат. Аголот со костими и огледало така ќе ги инспирира да ги глумат омилените јунаци или да измислуваат нови ликови и ситуации. Се им е на дофат на раце и во видното поле, така што ќе ги искористат до максимум. Ќе видите и сами колку идеи за игра може да се поттикнат од само неколку шарени комбинации.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close