Кафе муабет

Прв пат се огласи Душко по гласините дека се разведува од Карлеуша: Нема да верувате што кажа- ОВА Е ЦЕЛАТА ВИСТИНА ЗА НИВНИОТ БРАК!

Се уште живеат заедно...

Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ и сопруг на Јелена Карлеуша, се огласи преку својот адвокат Никола Премовиќ.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Тоа е она од што поп дивата најмногу и се плашеше. Имено таа често пати давајќи изјава истакнува дека не би сакала да зборува за Душко за да не си направи проблем со неговиот адвокат.

Фото Инстаграм/ Кatarinatp81

-Поради последните изјави на Јелена Карлеуша за Душко Тошиќ во претходните денови, а по налог и во име на мојот клиент Душко Тошиќ, принуден сум да објавам јавна објава! Душко Тошиќ е некој кој во текот на целата своја кариера, како почитуван спортист и поранешен репрезентативец, избегнува јавно да се експонира, особено кога станува збор за брачни и семејни работи. Повторуваме дека преговорите за меѓусебниот развод на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се уште траат, а еден од договорите со адвокатите на Јелена бил ниту една страна да не се огласува за брачни и семејни работи, додека преговорите за заеднички развод се во тек – рече адвокатот Премовиќ за српскиот Курир :


– Душко Тошиќ го почитува тој договор, додека Јелена со последните изјави во јавноста го прекршува постигнатиот договор и не оддалечува од мирно и консензуално решение на ситуацијата. Апелираме до Јелена Карлеуша за мирно решение, во иднина да се воздржува од јавни соопштенија за Душко Тошиќ, разводот и семејните работи и посочуваме дека секогаш кога ќе го стори тоа, ќе се огласиме јавно, истакна адвокатот на Душко.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Во новогодишното интервју за телевизија Курир, на самиот крај на 2022 година, Јелена си ја отвори душата и искрено проговори за својот брак.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Не сме разведени, се уште живееме во четири ѕида, а времето ќе покаже се повеќе од тоа. Во 2023 година би сакала Душко да го промени начинот на размислување, почитувајќи ја и сакајќи ја мајката на своите деца – признала ЈК и додала:

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Верувам дека сè уште сме во брак бидејќи јас како дете на разведени родители секогаш се плашев од колапс и распад на семејството. Би го доживеала тоа како неуспех. Поради Атина и Ника, сакам да имаат чувство за заедница и семејство што е можно подолго, бидејќи тоа е многу важно. За жал, Душко го нема тој порив и чувство во себе, откри Јелена.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено таа не крие дека секогаш патела поради тоа што е дете на разведени родители па една од причините поради која не се одлучи за развод е токму тоа Атина и Ника да не бидат деца на разведени родители.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и се уште живееме во иста куќа. Oдносот е специфичен, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат. Ова е тажната приказна на секој втор брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред се поради машкото непочитување кон жената, тоа за жал е голема вистина – рече Карлеуша.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Кога станува збор за таткото, тоа е фигура која мора да постои. Тоа е една од причините зошто мојот брак со Душко трае и опстојува. Не сакам моите деца да бидат деца на разведени родители – изјави Јелена Карлеуша.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close