Кафе муабет

Секоја хотелска соба ја демолираме, кршиме мебел и правиме хаос- вереницата на Дарко без влакна на јазик раскажа што се случувало во Виена!

Еве што се случувало...

Српските медиуми пред неколку дена објавија дека Барбара и Дарко направиле вистински скандал во Виена.

Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Сведоците наводно тврдат дека расправијата помеѓу нив била жестока, а штетата што ја направиле била неколку илјади евра.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

По овие написи се огласи и Барбара.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ (30) и неговата свршеница Барбара Бобак (22) наводно жестоко се скарале во хотелска соба во Виена, а Барбара се огласи за телевизија Пинк. Таа тврди дека тепачката не се случила, како што пренесуваат тамошните медиуми, но дека е точно дека „направиле хаос“ во просторијата.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Секоја хотелска соба ја уриваме, поточно ја оставаме во пожесток хаос, бидејќи секогаш доцниме на авион или некаде. Секогаш е трка, гужва, кршење мебел, барај работи зад креветот и слично – изјави пејачката за Пинк.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Сите мислеа дека по свршувачката ќе стивнат конфликтите меѓу Лазиќ и Барбара, но се чини дека ништо од тоа нема да се случи.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Не знам од каде да ја започнам приказната за Барбара и Дарко, ова не е прв пат, а знаејќи го нивниот темперамент, не е ни последен. Вистина е дека енергијата и страста меѓу нив е луда. И двајцата сакаат да пијат, а кога ќе претераат, настанува хаос. Така беше неодамна и во Виена. Пијани отишле во хотелот и почнало дивеењето. Од нивните крици ечеше цел кат, потоа се степаа, фрлаа се што ќе им дојде до рака, ја демолирале собата- изјавил за Курир извор близок на парот.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Инаку неодамна во гостување во познатото шоу „Премиера – Викенд Специјал“ Дарко Лазиќ искрено проговори за својот приватен живот.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Тогаш Дарко за прв пат и јавно откри како ја запросил Барбара Бобак и дека тоа не било класично запросување бидејќи таа не сака такви изненадувања.

фото инстаграм/Барбара Бобак

-Секоја година ми е турбулентна, секогаш ми е убаво. Имаше и убави и лоши работи како и секогаш, но јас секогаш правам се онака како што сакам да биде, убаво ми е – истакна Лазиќ.

фото Инстаграм/Барбара Бобак

-Многу убави работи се случија во Америка, една од најубавите е што се веривме во Чикаго. Не се венчавме како што пишуваше во медиумите. Барбара е многу посебна, да клекнев, да ја изненадев, ќе умреше од смеење. Таа не е таква. Поминавме кај една златара, влеговме да видиме што има, а јас само во еден момент и реков: „Избери“! Не беше особено изненадена, живееме долго време заедно, но тоа беше убав момент – се присети Дарко.

фото инстаграм/Барбара Бобак

-Прво им кажавме на родителите, се јавив на мајка ми. И тие го знаеја тоа, го очекуваа, сите беа воодушевени. Како веќе да сме во брак, нон стоп сме заедно. Имаме таква врска, таа е како жена, брат, пријател, сè – признава Дарко.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак
фото инстаграм/Барбара Бобак
фото инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close