Кафе муабет
Потрошија цело богатство за нивната наследничка: Нема да верувате колку пари дадоа Марко и Катарина само за гардероба и мебел за бебето!
Минатата недела парот го доби првото дете...
Пејачката Катарина Грујиќ и нејзиниот сопруг Марко Гобељиќ на 15 декември станаа горди родители на девојчето Катја.
Вчера во медиумите се појавија и првите фотографии од Катарина и бебето, а она што изненади многумина беше начинот на кој фудбалерот ги пречека своите сакани.
Имено тој вчера ги донесе дома од приватно породилиште каде за малата наследничка беше украсено по светски терк.
За малата Катја се било подготвено во семејниот дом, а родителите не штеделе за опремата на бебето.
Според 24sedam.rs, Марко и Катарина дале близу 1.000 евра само за количка, носилка за бебиња и столче (комплет 3 во 1), а уште 3.000 за бебешки мебел.
-Ката и Гобељ не се покајаа за парите и за својата наследничка го избраа само најдоброто, а детската соба во која Катја ќе го поминува поголемиот дел од времето е опремена како од бајка, вели извор близок на пејачката за горенаведениот портал.
Катарина била опседната со преуредување на собата, па дала 3.000 евра само за кревет и комода, а повеќе дала за гардеробата, открива соговорникот.
– Грујиќ подготви многу работи, го наполни мини гардероберот на нејзината наследничка со најубавите бебешки работи, а се е во бела, розова и беж нијанса.
Мама и тато не го кријат задоволството за нивната наследничка, а пејачката во изјава за медиумите откри дека имало солзи радосници кога се родила Катја.
– Марко веднаш почна да плаче кога ја виде Катја. Тоа се искрени емоции кои не се опишуваат со зборови. Вчера се фатив како ја гледам три часа, а таа е мирна, спие, па ме гледа… Боже, не ми се верува дека ова е мое дете и солзите веднаш ми течат, наеднаш – изјави пејачката.
По излегувањето од болницата Катарина не можеше да ја сокрие среќата и изјави дека со нетрпение чека да пристигне во својтот дом и да поминува време со бебето…
-Јас сум најсреќна на светот, ова чувство не може да се опише со зборови. Сеуште не можеме да кажеме на кога личи, се надевам дека ќе личи на мене и ќе има сини очи. Не се плашам од ништо, можам се. Едвај чекај да си дојдам дома, да поминувам време со бебето, тука е и мојата свекрва, мајка му на Марко. Марко плачеше, тоа се емоции кои не се опишуваат“, изјави Ката.
Марко не можеше да ја сокрие среќата па славеше до зори.
– Двете се добро, а јас сум најгордиот татко на светот. Сè уште не сум ги видел поради короната. Ќе се видиме во понеделник кога ќе излезат од болница. Дома сè е подготвено за доаѓањето на бебето – изјави гордиот тато, кој за време на славењето носеше маица со натпис „Добре дојде Катја“.