Кафе муабет

АНА СЕВИЌ ЈА ПОКАЖА ЌЕРКАТА СЕНА: Објави емотивна фотографија и ги напиша најубавите зборови!

Пејачката пред месец ипол ја доби втората ќерка Сена...

Пејачката Ана Севиќ неодамна се породи и го роди своето второ девојче Сена.

 

Имено, Ана сега на својот Инстаграм профил објави видео со својата ќерка, која ја доби со нејзиниот избраник  Даниел Недеjковиќ и ги растопи сите на социјалните мрежи.

Пејачката цврсто ја држеше ќерката вопрегратки и покажа колку ужива да биде со неа.

 

фото инстаграм

„Те сакам“, напиша таа во описот.

Ќерката доби име по грчката божица!

Ана Севиќ и нејзиниот партнер Даниел Недеjковиќ  ja добија својата ќерка Сена на 11 декември.

Ана  неодамна на својот Инстаграм профил ја сподели и својата прва фотографија од бебето.

Пејачката ја фотографираше својата ќерка како спие во розова постелнина со мечиња, но не го покажа лицето на детето.

Ана откри и како таа го добила своето име.

– Добра вечер, свету! Јас сум Сена Недељковиќ – напиша пејачката.

Името Сена е варијанта од името Селена, кое потекнува од грчки јазик и е име на божицата на Месечината.

За оние кои не знаат Ана веќе ја има ќерката Лорена, која ја доби од првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ, а сега има уште една наследничка со избраникот Даниел Недељковиќ, за кого ова е прво дете.

Ана Севиќ и Даниел Недељковиќ започнаа да се забавуваат во јануари 2018 година, откако таа и нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ ја известија јавноста дека поднеле барање за развод.

 

За сега Ана и Даниел имаа стабилна и хармонична врска и важат за заљубен пар кој не го пратат скандали. Парот планира венчавка откако ќе помине пандемијата со коронавирусот.

Се породи пред месец дена а изгледа неверојатно!

 

Познатата пејачка Ана Севиќ се породи пред речиси месец дена. Имено, нејзината наследничка Сена се роди на 11 декември, а среќната мама сега објави фотографија со која ги воодушеви фановите.

 

Севиќ направи селфи во лифт облечена во лежерно издание и покажа како изгледа месец дена откако се породила.

Таа позираше во розови тренерки, високи патики и тренди капут, а многумина на Инстаграм го пофалија нејзиниот изглед.

Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ

Инаку, Ана од поранешниот сопруг Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена, а неодамна за Информер изјави:

-„Лорена на својата сестричка и го даде името Сена, а Даниел е татко за пример. Тој е грижлив и многу ми помага, така што можам само да му се заблагодарам на Господ за сé.

Пејачката откри дека таа, Лорена, Сена и Даниел сами ги поминаа празниците…

-Многу луѓе ги изгубија своите животи заради тој вирус. Но за среќа, јас немав корона, а Даниел ја прележа со благи симптоми“, изјави тогаш популрната пејачка и додаде:

 

„Оваа година ми донесе најголем подарок – уште едно девојче. И покрај се, за мене 2020 година беше мошне убава. Планирам и во новата година да работам на наталитетот. Се надевам дека и другите размислуваат така бидејќи треба да се има што повеќе деца. Лорена е воодушевена што доби сестричка“, изјави популарната пејачка непосредно пред Новата година.

 


 


 


 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close