Кафе муабет

Последните 10 дена од февруари нема да бидат толку поволни за овие хороскопски знаци

Кои хороскопски знаци особено треба да бидат внимателни?

Веќе влеговме во втората половина на февруари, но тоа не е крај на хаосот кој ретроградниот Меркур го носи со себе, иако овој во кој се наоѓаме моментално ќе заврши на 20 фрвруари. Овогодинешниот ретрограден Меркур зад себе ќе остави некои недостатоци кои најмногу ќе ги почувствуваат овие хороскопски знаци.

Овен

Иако во првата половина на месецот се чувствувавте друштвено и екстровертно, во втората половина работите ќе се смират и ќе станете свесни за своите чувства. Кога ќе започне сезоната на Рибите, ќе се активира вашата потсвест и сите скриени емоции кои никогаш не ја гледаат светлоста на денот. Дајте му прилика на своето срце конечно да почувствува што носи во себе.

Рак

Овој месец е во знакот на трансформацијата. Треба да се откажете од минатото, за да направите место за иднината и да прифатите некои работи на кои не им е судено да траат засекогаш. Склони сте кон тоа да се враќате во минатото, но зошто да не почнете да размислувате за иднината?

Светот е полн со можности, дозволете си да го видите тоа.

Девица

Вие ќе бидете збунети, неорганизирани и ќе ви пречат многу работи, повеќе од кога било. Ќе имате чувство дека ништо не правите како што треба, а хаосот во вашата глава се’ повеќе ќе ви отежнува, особено во последните денови од февруари. Но, не очајувајте, тоа е само привремено.

Скорпија

Во последно време вашите односи со луѓето се под голем притисок. Можеби се карате со партнерот, лути му сте на најдобриот пријател или сте спремни на кавга кога ќе ве праша нешто некој од вашите колеги.

Во последните денови од февруари би требало повторно да почнете да ја проценувате динамиката на вашите односи и да се запрашате како можете да бидет енајдобар партнер, особено кога се наоѓате соочени со препреки.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close