Кафе муабет

Ја остави поради помлада, доби дете и повеќе не сака да крие: Грашо откри се за раскинувањето со Данијела Мартиновиќ

Тој е среќен со Хана...

Петар Грашо неодамна стана татко и со неговата сопруга Хана Хуљиќ ја доби ќерката Алба.

Од самипот почеток на љубовната врска парот беше на мета на медиумите, особено откако се дозна за венчавката и разделбата од поранешната љубов.

фото инстаграм/Петар Грашо

Грашо пред да се ожени со Хана повеќе од две децении беше во врска со Данијела Мартиновиќ.

фото инстаграм/Петар Грашо

Тој неодамна гостуваше во емисијата „Ами Џи“, а водителот се интересираше како сега функционираат тој и Тончи Хулиќ со оглед ан тоа што е негов долгогодишен пријател и соработник па одеднаш му стана роднина.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Мене ми е тој секако тежок, па полесно ми е да ми е роднина, отколку да ми е тежок без причина, одговори Грашо.

фото инстаграм/Петар Грашо

Грашо рече дека тие двајца отсекогаш биле како пошироко семејство.

фото инстаграм/Петар Грашо

Со Хана Хуљиќ,  Грашо брзо застана пред олтарот, а со поранешната партнерка Данијела Мартиновиќ не беше таква ситуација. Грашо откри дали му пречат овие споредби.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Не читам медиумски написи и не читам коментари, не коментирам ништо. Важно е само човекот да е со себе чист, изјави Грашо кој неодамна призна дека ретко ја гледа својата ќерка Алба поради работа, а после тоа наиде на бројни осуди од јавноста.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

-Јас и Хана си го живееме животот пристојно, приватните детали не ги споделуваме со јавноста и тоа веројатно уште повеќе ги интригира медиумите кои бараат сензации. Нам ни е смешно како всушност станавме медиумска мета, а не кренавме прст за тоа. Најмногу не насмеа веста дека станавме хрватски „Меган и Хари“ – изјави Грашо во една прилика.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Секогаш ми беше важно да не ги замарам луѓето со неважни ситници и музиката да биде единственото нешто што ги интересира поврзано со мене, а и Хана е слична личност. И покрај тоа, ние сме во сосема спротивни ситуации. Медиумите се тука да пишуваат, ние сме тука да живееме и тоа е круг кој постојано се врти – изјави претходно Петар Грашо за хрватските медиуми.

фото инстаграм/Петар Грашо

Данијела Мартиновиќ своевремено за „Ин Магазин“ зборуваше за родителството, откривајќи дека таа и Петар планирале име за своето дете.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Навистина најголемата желба во мојот живот во моментов. Еве навистина се надеваме дека наскоро ќе се радуваме. Синот ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојчето имаме две имиња, Алба или Луче – рече таа, а потоа се роди ќерката на Петар Грашо два дена по нејзиниот 51 роденден и го доби името Алба.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Луѓето обично очекуваат драматична приказна бидејќи непишано правило е дека врските завршуваат драматично. Но, кога имаш личност која ја почитуваш и цениш, тогаш раскинувањето е уште понеразбирливо. Но, вистината е дека секој се развива со свое темпо. Се случува некои работи, кои ни беа важни, со текот на времето да станат речиси ирелевантни, што нè збунува, и да почнат да не окупираат и да не прават среќни некои други работи за кои не ни помислувавме дека можат да станат епицентар на нашите животи.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Кога тоа се случува во врска, најискрено и најдобро е секој да продолжи да се развива во свој ритам и правец. Доколку одлуката се донесе во вистинско време, остануваат меѓусебното почитување и благодарност – рече таа, а потоа додаде:

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Мислам дека најлошата и најопасна работа е да останеш во врска поради страв или обврска. Тогаш врската завршува со горчлив вкус во устата. Неопходно е да го слушате вашиот внатрешен глас бидејќи тогаш нема лошо сценарио. Во длабочините има мир кој е секогаш присутен без разлика што се случува на површината, а таа длабочина е заедничка за сите и таа многу подобро од нас знае што е најдобро за секого. Кога ќе погледнам преку моето рамо во своето минато со оваа временска дистанца, јасно можам да забележам дека сите најтешки ситуации отворија неверојатно убави насоки, за кои не сум сонувала ниту во моето лудило, ниту во сон – истакна пејачката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close